Актуелниот шампион од последното Европско првенство во фудбал, Шпанија, доаѓа на Филип 2 арената во Скопје. Македонската фудбалска репрезентација се најде во групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург за квалификациите за Европското првенство во Франција во 2016 година, на кое за првпат ќе учествуваат 24 репрезентации.
Три од петте репрезентации се од т.н источен блок – Украина, Словачка и Белорусија, селекции кои во минатото се докажале како незгодни за нашите репрезентативци.
На Евро 2016 ќе играат 24 селекции. Домаќинот Франција има директен пласман на ЕП, но ќе игра во групата со пет селекции и нејзините бодови нема да се сметаат. Директен пласман на Евро 2016 ќе обезбедат првите две селекции од девете групи, како и најдобрата третопласирана. Преостанатите осум третопласирани селекции низ четири баражи ќе ги дадат последните учесници на континенталниот шампионат.
ГРУПА А: Холандија, Чешка, Турција, Летонија, Исланд, Казахстан
ГРУБА Б: БиХ, Белгија, Израел, Велс, Кипар, Андора
ГРУПА Ц: Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија, Македонија, Луксембург
ГРУПА Д: Германија, Р. Ирска, Полска, Шкотска, Грузија, Гибралтар
ГРУПА Е: Англија, Швајцарија, Словенија, Естонија, Литванија, Сан Марино
ГРУПА Ф: Грција, Унгарија, Романија, Финска, С. Ирска, Фарски Острови
ГРУПА Г: Русија, Шведска, Австрија, Црна Гора, Молдавија, Лихтенштајн
ГРУПА Х: Италија, Хрватска, Норвешка, Бугарија, Азербејџан, Малта
ГРУПА И: Португалија, Данска, Србија, Ерменија, Албанија




