Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонизам

0
By Нова ТВ on April 16, 2019 ВЕСТИ
Петар Богојески
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2019 13:35

Пишува: Петар Богојески, докторанд на УКИМ Скопје и активист во ВМРО-ДПМНЕ

Македонизмот е конфузен самиот во себе. Особено како поим македонизам и она што означува како процес на македонизмот. Тој е антипод на сè она кое ние денес го нарекуваме, го знаеме и го поимаме како македонско. Македонизмот како политичка доктрина и национална идеологија, од една страна е процес на промоција на македонскиот етнички, културен и државен идентитет, од друга страна во суштина оспорува нивно реално постоење. Можеби не денес, во смисла на денешното постоење на македонскиот идентитет, туку го оспорува изворот на тој идентитет. Есенцијата е во прашање. Во генерални црти, северниот сосед Србија е непријател на поимањето на македонизмот, а поттикнувач на процесот и обратно, источниот сосед Бугарија е пријател на поимот, но не и на процесот. Првите сметаат дека не постои, вторите дека постои. Другите соседи, со мнозинско албански идентитет, генерално се молчаливи по прашањето, но јужниот сосед Грција, гледа шанса за себе, токму во темелот на современиот македонизам, а тоа е антиквизацијата која широко ги отвора портите за елинизмот кај Македонците. Ова е стара приказна, се повторува низ вековите и веројатно ќе продолжи да егзистира.

Единствено европеизацијата ја гледам како некој фактор, кој можеби ќе ги куртули нашите деца од ова прашање. Но само можеби. Не сум сигурен дека тој процес кој ни следува, ќе има толкава сила да прочисти сè што е стара болка на нас Македонците. Некои работи едноставно остануваат. Некои болести немаат лек. Во таа смисла и македонизмот како идеологија, многу тешко да се излечи. Таа е болест од зависност. А поголема зависност од идеологијата, нема. Не е сретната до сега. Човек ќе се излечи од сè, но од идејата во својата глава, не! Пробани се сите методи. Убедување, разубедување, аргументирање, насилство, затвори, хемиски третмани… едноставно идеологијата е неизлечлива болест. Штом навлезе вирусот во едно тело, тој останува до крајот на животот на носителот. Уште пострашно е што тој вирус се пренесува, од генерации на генерации. Така останува вечно да дејствува врз иднината.

Интересно е што македонизмот, најчесто го споменуваат и со него се гордеат активисти на ВМРО ДПМНЕ. Секако дека тој е силно присутен во СДСМ, што е сосема нормално, со оглед на историското наследство на таа партија. Но проблемот е во ВМРО ДПМНЕ, зашто македонизмот како процес е во спротивност со начелата на ВМРО. Многу тешко е во неколку редови писмо, ова да го објаснам суштински, а да не бидам погрешно разбран. На некој начин и јас самиот сум припадник на македонизмот и мојот македонски идентитет се базира токму на него. Тоа прави потешко да го објаснам. Но каде е шансата за иднината, ако сме свесни за постоењето на македонизмот? Пак ќе повторам, веројатно во европеизацијата, во европската идеја. Во тоа верувам, во тоа веројатно… поточно сакам да верувам, зашто друго не гледам.

Се плашам од помислата на целосно рекомпонирање на таа идеја. Еден пријател ми напомена, дека во последните години од животот, претседателот Глигоров имал дадено некоја изјава, дека процесот на македонизмот е конечно завршен. Со други зборови, неговата мисија е целосно исполнета и може да почива во мир. Можеби имал делумно право, дека процесот, онака како што тој го замислил, бил финализиран. Но тој процес, погледнат низ призмата на помладите генерации, не изгледа за завршен. Напротив, во овие моменти тој се актуелизира, се отвора. Со оглед на ефектот што го имаше промената на називот на модерната македонска Република, можам само да замислам кој ефект ќе го има процесот на рекомпонирање на македонизмот. Веројатно е подобро да се калеми, а не да се пресадува нов корен! На стеблото на македонизмот, да се калеми европеизацијата, па она што понатаму ќе вирее, ќе биде просперитетно… успешна приказна за нас, зашто ќе отвори иднина за нашите деца! Ние ќе останеме горди дека тој процес не сме го сопреле, но сме го насочиле во добар правец. Како понатаму, останува на генерациите кои доаѓаат. Историјата ќе нè суди за тоа. Да се надеваме на правичен суд. Зашто оние кои ќе судат, тогаш, таму далеку, прво да се стават во нашата денешна кожа, па нека ја носат пресудата. Како што е неправедно, ние да судиме за минатото, а да не влеземе во кожата од предците.

Македонизмот е во конфликт со сите балкански доктрини. Промовира нетрпеливост, зашто е агресивен. Во позитивна смисла. Агресивен зашто е најмлад и има енергија, наспроти далеку постарите соседни идеологии, кои се заморени и веќе бараат спокоен соживот. Барем дел од нив. Во тој спокој, се бараат компромиси за заедничко егзистирање на македонизмот и како поим и како процес. Има некој развој во насока на сепаратизам, јасно одвојување и прецизирање на двете идеологии. На двата идентитети. Тоа го сметам за голема грешка, со оглед на убедувањето дека тој процес ќе заврши на сметка на поимачите на македонизмот. Ако погледнеме во минатото, не мислам само на неколку децении, мислам на последните две столетија, македонизмот и останатите балкански идеологии меѓусебно комуницирале, кохабитирале, се надополнувале и често соработувале. Во прашање е вековна соработка. Македонизмот не е промовиран во еден момент, со една политичка одлука. Тоа е повеќе од наивно да се верува. Тоа биле процеси кој постоеле и создавале идеја за новата нација. Имало моменти на разбирање и моменти на длабоки судири. Секако дека процесот на европеизација ќе обезбеди нова доба на разбирање и соработка помеѓу македонизмот и останатите. Премногу ќе боли, нас Македонците ќе нè боли, ако влеземе во доба на судири. На тоа нè тераат нашите „славјански браќа“ од зад Карпатите, но не е на арно. Најдобро да си врвиме по патот, по кој сме кинисале!

На крајот на оваа недела ќе избираме претседател на македонската Република од 21-от век. Факт е дека 19-тиот и 20-тиот век беа изгубени за македонската кауза. Што ни нудат двајцата кандидати со македонски етнички идентитет како решение за иднината? Без да го вмешувам третиот, со албански идентитет, зашто тој е на чисто со ова прашање. Дали има разлика помеѓу нив двајцата во начинот на кој го поимаат и практикуваат македонизмот. Искрено мислам дека и двајцата се кандидирани токму од чуварите на македонизмот. Од истото место, од истата матрица, со истата идеја. Од тој аспект, кого и да го избереме, исто му доаѓа. Разликата е како понатаму. Ќе го калемиме или ќе го сушиме стеблото на македонизмот? Од досега кажаното, тешко е да се донесе заклучок. Стево е молчалив и го игнорира прашањето, со срамежливи обиди да го пакетира во европски целофан, а Гордана инсистира стеблото на македонизмот да го прихрануваме со огромни количини на античко ѓубриво. Тоа секако е штетно за растот на тоа стебло, зашто во суштина само ќе го исуши. Но има време. Се надевам дека наредниве денови и двајцата ќе се произнесат за калем, на она стебло што го остави Глигоров. Без разлика што е криво насадено. Не е он самиот виновник за тоа. Иако до пред некое време, него најсилно го обвинував. Да не заборавиме, тој беше внимателен со античката прихрана. Зашто ако погрешиме, на добар пат сме да го изгубиме и 21-от век за македонската кауза.

*Објавено во Вечер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.