Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската дипломатија незаинтересирана за ЕУ

0
By Светлана Јовановска on June 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 25, 2013 11:19

Македонија одлучи да не учествува на конференцијата на парламентраните комитети за европски работи помеѓу ЕУ и земјите кандидати која неделава се одржува во Даблин во организација на ирското претседателство. “Навистина е штета што македонската делегација не е тука.

Ова е пропуштена прилика бидејќи тоа за пратениците беше одлична прилика да се лобираат за својата земја кај нивните колеги од земјите на ЕУ“, вели за Нова поранешниот ЕУ амбасадор во Македонија Ерван Фуере кој исто така учествува на конференцијата.

Со оваа конференција Ирска ја покажува својата поддршка за процесот на проширувањето и покрај тешките економски услови со кои Европа се соочува.

Инаку процесот на проширувањето денес е на агендата на сесијата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Министрите ќе разговараат за Балканот и напредокот на овие земји како што беше најавено во текот на самитот на ЕУ во декември 2012 година.

Се очекува да биде одобрено отворање на преговорите за Договор за стабилизација и асоцијација со Косово и да се дадат насоки за преговорите со Србија кои, според најавите, можат да бидат отворени кон крајот на годината.

“Што се однесува до Македонија јасно е дека продолжените рокови за примена на договорот од 1 март и пропуштената шанса да се подобри имиџот на македонското собрание и демократските процеси во земјата од 24 декември, се голем товар за многу земји членки.

Оттука расположението за било какво поместување во однос на Македонија на ЕУ агендата не е позитивно. Но нема сомнение исто така дека ЕУ сака да ги почне преговорите со Македонија колку што е можно побрзо“, вели Фуере.

Според дипломатите во Брисел Македонија очигледно нема да се најде ни на дневниот ред на самитот кој на крајот на неделава го затвора ирското претседателство со ЕУ.

Дипломатски соговорници на НОВА A тврдат дека дипломатските активности на Македонија во Брисел се сведени на минимум наместо да бидат засилени за да ја поправат оваа ситуација.

Во македонската мисија при ЕУ амбасадорот и голем дел од дипломатите се отсутни од Брисел во текот на овие недели клучни за добро позиционирање на земјата во ЕУ и се поставува прашањето дали тоа отсуство е израз незаинтересираноста на Македонија за европскиот напредок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.