Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската пилотка Ива Матиќ го освои кормилото на Ербас-320

0
By Соња Крамарска on June 27, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2022 10:29

Кога ќе ви протатни над глава огромниот Ербас -320 погледнете нагоре и поздравете ја нашата Ива Матиќ од Скопје. Можеби токму таа е на пилотското место. Или поточно на копилотското место како нова пилотка која неодамна ја доби лиценцата за цивилен пилот на комерцијални летови.

Ива првпат ја видов зад пилотските команди на огромниот воен и транспортен хеликоптер Ми-17. Слегуваше од кабината на ова транспортно чудовиште, грациозно симнувајќи ја заштитната кацига со самодоверба газејќи по скалилата кои го поврзуваат хеликоптерот со земјата.

Тоа беше последен пат што ја видов електро-инженерката Ива како се симнува по скалила надоле.

Нејзиното следно одење по скалила беше нагоре, прво кон тренинг – симулаторот на моќниот Ербас-320, а потоа и кон вистинскиот кокпит. Првиот лет и беше во авион без патници.

„Немојте да се чудите што на фотографијата што ја гледате сум без пилотска униформа. Тоа е затоа што првиот тест-лет ми беше на празен авион. Сега го чекам распоредот за управување на авион со патници“, рече Ива Матиќ при нашата средба.

Матиќ го почна своето пилотско патешествие како воен пилот во Армијата на Република Северна Македонија, каде управуваше со хеликоптерот Ми-17

Пилотирала претходно на авион „Злин -242“ и на армискиот хеликоптер Bell 206B Jet Ranger, пред да го освои огромниот Ми-17. Не ни сонувала дека еден ден ќе биде тоа што е денес.

„Како мала не размислував конкретно за некоја професија. Имав убаво детство, без грижи, уживав во тие детски денови. Но бев темпераментно дете, ги сакав летовите кога патував со моите родители, често и трчав меѓу седиштата во авионот, што од сегашна гледна точка ми изгледа смешно и не толку возбудливо за другите патници во авионот“, вели пилотката.

Денес, кога Ива Матиќ влегува како пилот во воздухопловот, се присетува на нејзините детски лудории кои подоцна во нејзината рана младост прераснале во одушевување од неговите перформанси. Возбудата од леталото ја држела сѐ до моментот кога за првпат зачекорила во пилотската кабина и ги фатила управувачките команди на леталото.

„Чувството кога како иден пилот прв пат влегов во пилотската кабина од хеликоптерот секако не беше исто како и на човек кој не е пилот. Кога не бев пилот се одушевував на таа софистицирана машина која нѐ вивнува меѓу облаците. Но како пилот првото влегување беше со чувство на љубопитност и беше средба со сѐ она што дотогаш го имав учено само теоретски, и предизвик сето тоа успешно да се совлада“, ни рече таа.

Веќе сфаќате дека да се вивнеш во небото, да седиш зад управувачките команди на огромно летало кое зависи од тебе, исто како и 200 и кусур патници, значи дека си бестрашна личност. Па дури и кога не оди сѐ според планираното. Оти горе на небото не е исто како долу на земјата. Ива тоа добро го знае, но вели дека не се плаши.

„Страв од летање или страв дури летам во било која ситуација никако немам. Секако не би можела да бидам ова што сум денес ако стравот беше присутен. Повеќе би кажала дека во моментите кога одредена ситуација треба успешно да се заврши, преовладува максимална концентрација“, вели таа.

Но покрај храброста и знаењето, клучни се и вештините. Пилотката Матиќ мораше да „маневрира“ низ часови и часови обуки, полагање испити теоретски и практични, сето тоа „навигирано“ од големата желба да се биде комерцијален пилот.

„Воопшто не е лесно добивањето на лиценца за пилот на патнички авион. Треба многу учење, одрекување од многу лични моменти, упорност, истрајност и како психичка така и физичка спремност. За да се заслужат крилата, секако дека и желбата и мотивацијата треба да се на екстремно високо ниво“, објаснува таа.

Наградата што ја добива Матиќ после завршувањето на школата за летање е место во пилотската кабина на Ербас- 320 и 321. Тоа се двата типа на авиони во флотата на Wizz Air, ни вели оваа млада пилотка која ќе работи за оваа воздухопловна компанија.

Долгото пилотирање првин со мал, потоа со голем хеликоптер, и најпосле со голем патнички авион од најновата генерација, си го направило своето. Ива и кога е обичен патник во авион, а во последниот период кога и да ја побарав таа или доаѓаше од пат или заминуваше на пат кон некоја далечна дестинација, го наслушнува секој звук на леталото, препознава секоја маневра на пилотот.

„Сега тоа е веќе ‘професионална деформација’. Бидејќи ги знам процедурите при полетувањето, летот и слетувањето, секако дека сето тоа сега го забележувам и без да се трудам“, посочува Матиќ.

Обуката и за пилот на хеликоптер и за пилот на авион во еден дел се одвива во таканаречен симулатор пред кој е направена оваа фотографија на Ива Матиќ

Првиот пилотски лет е секако незаборавно доживување и ќе го памети цел живот. Чувството кога влегувате во воздухопловот, се упатувате кон кокпитот, седнувате, ги гледате инструментите, се местите удобно и го вклучувате моторот. Тоа е премногу за секој човек па макар и некој кој поминал долги години тренинг и обука.

„Се чувствував возбудено и концентрирано. Имав лет во текот на тренингот каде што прв пат полетав со А-320, меѓутоа како дел од тренингот авионот беше празен. Но и тогаш бев возбудена бидејќи од моментот кога ја добив идејата да бидам пилот на патнички авион, до седнувањето во него самата да го управувам, поминаа цели 4 години. Со нетрпение го чекав тој момент. Со истата возбуденост сум и во моментов додека чекам да добијам распоред за мојот прв лет со патници“, ни откри Ива.

Иако сме во 21 век, присуството на жена во пилотска кабина на патнички авион се уште се доживува како сензација. Некако и мажите но и жените како да се чувствуваат посигурни кога знаат дека со авионот управува маж. Или не е така? Дали навистина има задачи во пилотската кабина кои може да ги извршува успешно само машки пилот? Оваа циничност е мал прилог кон женската борба да им се докаже на мажите дека и жените се успешни во секоја професија. Што се обврските на пилотот, ја прашувам Ива Матиќ.

„За да одговорам ова прашање ми требаат можеби стотина страници. На кратко, пилотот е одговорен за безбедно одвивање на летот по пропишаните постапки и процедури. Почнувајќи од подготовката на летот, одредување на безбедни рути, анализирање на плановите на летање и метеоролошките услови, пресметување на количината на гориво, потоа влегување во авионот и проверување на системите за операција и навигација на авионот, безбедното превезување на патниците, па сѐ до слетувањето. Пилотот се грижи за безбедноста од секој аспект и секој дел од летот сѐ до напуштањето на авионот“, вели таа.

Успехот на македонската пилотка Ива Матиќ да добие лиценца за пилотирање со комерцијален авион е огромен бидејќи статистиката вели дека мажите се уште доминираат во воздухопловната индустрија. Последните податоци велат дека само 16,4 отсто од комерцијалните пилоти на светско ниво се жени, а во женското комерцијално пилотирање на прво место е авиопревозникот Ер-Индија, каде над 12 отсто од пилотите се жени. (С.К.)

Ербас-320 Ива Матиќ пилотка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.