Published: Monday, January 6, 2014 17:03
Македонски државјанин С. М (46) вчера го загубил животот во автомобилска несреќа на патниот правец Суботица-Белград, соопшти полициската управа на Нови Сад.
Како што се наведува во соопштението македонскиот државјанин управувал возило марка “фолксваген” , при што удрил во заштитната ограда на патот, па во бетонскиот столб и на лице место го загубил животот. Двајцата негови сопатници поминале со помали повреди.




