Директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски побарал од подружницата „Бор“ во Кавадарци да отпуштат од работа 20 луѓе, пишува порталот Мојот Град. Во писмото што Караџоски го испратил на 09 јануари до подружницата, стои дека е донесена одлука за престанување на работниот однос на најмалку 20 работници,возачи на товарни возила и инженери. Од Синдикатот бара да се вклучи во изборот на оние кои ќе бидат избркани од работа.
-Ве информираме дека една од категориите работници кај кои се предвидува престанување на работен однос се возачи на товарни возила, од причини што придружницата не располага со такви основни средства, потоа дел од инженерскиот кадар, како и други вработени, се вели во писмото потпишано од Караџоски.
На спектакуларното лото извлекување на МТВ, во Кавадарци беа вработени 25 луѓе, всушност излезе дека за среќниците од лотаријата воопшто немало обезбедено работни места, ниту пари за плати, пишува порталот. Еве, го писмото што Караџоски го испратил до подружницата во Кавадарци, а го објави порталот Мојот Град.
.jpg)
Се уште нема официјална информација колку од тие 1600 луѓе што беа извлечени на лотаријата се вработија. НОВА во неколку наврати пишуваше дека социјални случаи и самохрани мајки кои биле извлечени на лотаријата биле излажани и не добиле работа. Меѓу нив е и битолчанката Виолета Петровска, невработена, самохрана мајка на две возрасни ќерки, кои исто така не работат, а 14 години живеат по кирија.
Петровска аплицирала на огласот за самохрани родители за вработување во Македонски шуми, по што добила известување дека е примена на работа. Но после еден месец, следувал шок, стигнало ново известување со кое и е соопштено дека е одбиена, бидејќи не ги исполнува условите.
– Кога беше јавното извлекување бев избрана 52-ра по ред, по што ми испратија писмо дека сум примена на работа. Кога помина рокот за жалби, наместо да потпишам договор како што беше најавено, бев известена дека сум одбиена. Ако јас не ги исполнувам условите не знам кој ги исполнува од тие што беа примени, а добро знам кои луѓе се вработени, вели за НОВА Петровска.
Кога беше објавен огласот за прием на 1600 луѓе во Македонски шуми, Караџоски ја објасни потребата за вработување на 1.000 помошни работници, 500 референти и 100 соработници и советници.
Од извлекувањето до сега, во јавноста постојано доаѓаат информации дека примените се препраќаат на работа во други фирми кои за нивните работни места воопшто немале потреба. Единаесет луѓе неодамна беа прераспределени на работа
и во Македонскиот културен центар и киното Милениум.




