Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонскиот филм заглавен во „кал“: Погубните политики ја оставија Македонија без национален кандидат за Оскар

0
By Ана Василевска on July 23, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно
непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за
подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до
колопас.“, реагираат од ДРФМ. 

Континуираната деструктивна политика како и малициозниот реваншизам на поединци, доведоа до колапс на македонската кинематографија кој се рефлектираше и со тоа годинава да останеме без национален кандидат за Оскар, реагираат од Друштвото на филмските работници. Во соопштение до јавноста, од ДФРМ ги образложуваат причините за кои во неколку наврати веќе апелираа и укажуваа дека ќе ја доведат кинематографијата до оваа состојба. Од таму, го повикуваат министерот за култура Зоран Љутков, да ги расчисти сите дилеми присутни во јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа
кинематографија.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Она на што Друштвото на филмските работници предупредуваше подолго време, а
поради што бевме во отворен конфликт со министрите за култура, особено со
министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, дека паушалното и безумно кратење на
буџетот за филм ќе ги афектира проектите во годините пред нас, за жал стана реалност.

Македонскиот филм е заглавен во „кал“. Не се сервисираат проектите кои се во развој, во
продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси
сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни
кандидат за Оскар, едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично
едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики,
уметност и наука.

Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно
непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за
подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до
колопас.

Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура –
филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време
– очајната ПР капмања која се води против Друштвото на филмските работници, токму од
оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на
колегијалност. Друштвото на филмски работници на Македонија стана предмет на
подмолни анонимни пријави, за кусо потоа да се обелодени нивниот подносител и автор.
А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање на
државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со
закон, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјава
за наводен равој или промоција како и против неколегијалното однесување,
саможивноста и алчноста.

Искрено веруваме дека институциите на системот ќе се одважат, ќе ги расветлат и казнат
криминалите кои со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна и ќе докажат
дека во нашата земја нема простор за манипулации со јавноста и политичките структури,
злоупотреба на моќ и лажно употребување на терминот „политички прогон” во земјава и
надвор од неа, сè со цел да се скријат сторените дела.

И во оваа прилика, уште еднаш бараме од министерот Зоран Љутков да ја откочи
„зарибаната“ филмска машина и да им овозможи на авторите и филмските работниците
да снимаат, а нашите филмови да одат напред. Да ги расчисти сите дилеми присутни во
јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како
елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа
кинематографија.

 

ДФРМ Македонски филмови Оскар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.