Македонија се најде на седмо место на листата по глобално страдање, во истражувањето кое за 2012 година го спроведе Gallup World. Од вкупно 143 држави, дури 31 процент од македонските граѓани своите егзистенцијални услови за живот ги нарекуваат „страдање“ и со тоа државата се најде во топ 10-те држави во светот каде граѓаните најмногу страдале поради лошите услови за живот.
.png)
На прво место на листата се најде Бугарија каде 39 проценти од граѓаните сметаат дека нивната егзистенцијална состојба е толку мизерна што е еднаква на „страдање“.
Втор народ што се чувствува мизерно се граѓаните на Арменија, трета е Камбоџа, четврта е Хаити, петта Унгарија, шеста на листата се најде Мадагаскар.
Македонија е на седмо место и единствена од поранешните Југословенски држави која се вброи во десетте земји чиј народ се изјаснил дека страда поради лошата егзистенцијална состојба.
Босна и Херцеговина е на 13 место според истражувањето, а Србија и Црна гора се на 24 и 25 место. Подобрување во регионот веројатно чувствуваат само Хрватите бидејќи оваа земја се најде на 66 место на листата.
Од друга страна најмалку страдале граѓаните на Исланд бидејќи само 1 процент од нив се изјасниле на лошиот квалитет на живот. Истиот процент на незадоволство го изразиле граѓаните на Катар, Шведска, Норвешка,Обединети Арапски Емирати и Нигерија.
Зачудува резултатот што со два проценти незадоволство од животот се изјасниле жителите на Сомалија, Венецуела, Швајцарија, Либија, Австралија, Канада и Данска.





