Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските дипломати и набљудувачи на ОБСЕ ќе останат во Украина

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу сто македонски државјани има во Украина во моментов, а Министерството за надворешни работи има неколку планови за различни активности и за различни сценарија кои би можело да се одвиваат во наредниот период во таа земја, рече министерот Бујар Османи денеска на брифинг за актуелните случлувања.

— Има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Бидејќи тие се суштествен персонал за нашата Амбасада и засега нема одлука таа да се затвори, рече Османи, дипломатите ќе останат во Украина додека не биде донесена поинаква одлука, но одлучено е нивните семејства да се вратат во Скопје  на почетокот од нареднава седмица.

МНР  е во договор со Бугарија  и доколку се појави потреба за повлекување на двајцата дипломати, има целосно утврден аранжман како тоа ќе се организира.

Одлучено е засега во Украина да останат и околу 30 набљудувачи од Северна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се втората категорија наши државјани во мапирањето на МНР.

– Набљудувачката мисија на ОБСЕ е важна за следење на настаните во Украина и затоа засега се уште немаме одлука да ги повелечеме нашите набљудувачи, но сме во блиска координација со другите земји учеснички, со Секретаријатот на ОБСЕ во Виена и ќе одлучиме кога ќе процениме. Засега само САД имаат одлука да ги повчлечат своите набљудувачи во рамки на оваа мисија на ОБСЕ, но не и други земји, рече шефот на дипломатијата.

Во третата категроија се околу 40 наши државјани кои од различни причини се наоѓаат во Украина и 30-ина членови на нивните семејства, со тоа што членовите на семејствата повеќето се украински државјани.

– За нашите државјани ќе го повторам апелот од пред два дена – да ја искористат можноста за комерцијални летови за да ја напуштат државата и да се вратат во Северна Макеоднија.  Јавниот повик до државјаните на Северна Македонија коишто се наоѓаат во Украина да ја напуштат земјата беше првиот од нашите планови, рече Османи, додавајќи дека дел од плановите почнуваат да се реализираат врз основа на блиска комуникација што МНР оваа недела ја имало со сојузниците.

– Разменувајќи информации, некако стана се поизвесно дека е можна ескалација односно руска инвазија во Украина и затоа почнаа да се реализираат дел од плановите коишто беа подготвени за различните сценарија. Не сакаме да внесеме незивесност и страв во однос на мерките што ги преземаме за Украина, целосно сме во координација со нашите сојузници, и во рамки на НАТО, и во ЕУ, и сето тоа го правиме врз основа на плановите и информациите што ги имаме, рече Османи, додавајќи дека МНР продолжува  одблиску да ја следи состојбата и дека НАТО  бара дипломатско решение за да се спречи деескалација на тензиите.

 

дипломати Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.