ООН го публикува индексот на најсреќните земји во светот. На првите места се Данска, Норвешка, Швајцарија, Холандија и Шведска. На листата од 156 држави, Македонија која е рангирана на 118 место.
Од земјите во регионот, подолу е рангирана само Бугарија, која се наоѓа на 144 позиција, по турбулентниот Авганистан кој е на 143 место.
Истражувањето е направено во периодот од 2010 до 2012 година. Во составувањето на листата участвувале експерти од економија, психологија, статистиката и други сфери. Како критериуми за оценка посочиле шест фактори: бруто-домашен производ по глава на жител, долговечност во добро здравје, можност за социјална комуникација, субјективен степен на слобода при носењето лични одлуки, заштитеност од корупција и благосостојба.
Во првата десетка на среќни држави се и Канада, Финска, Австрија, Исланд и Австралија. Израел е на 11 место, а во втората десетка се и САД (17) и Нов Зенланд (13). Русија е на 68 место, Унгарија на 110.
Од земјите во регионов во „златната средина“ е Албанија, на 62 место. Косово е на 83 позиција. Другите држат место во втората стотка. Меѓу нив е Србија (106), Босна и Херцеговина (107), и Македонија (118).
Најнесреќна држава во светот е Того. Пред неа се некои други африкански земји – Гвинеја, Танзанија, Руанда, Бурунди, Бенин.




