Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските компании донираат за настрадaните од поплавите

0
By Нова ТВ on May 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 19, 2014 17:22

Дел од македонските компании и поголемите фармацевски куќи веќе пратиле хуманитарна помош за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

Во ланецот на аптеки Зегин велат дека веќе испратиле хуманитарна помош во вредност од 80 000 евра. Станува збор за помош во шатори, пелени ,лекови, детска храна облека за стари.

-Ние сме во постојан контакт со погодените подрчја и лобираме да ни се приклучат и големите компании, изјави за НОВА Благоја Механџиски сопственик на ланецот аптеки Зегин.

Фармацевтската компанија Алкалоид веќе испратиле помош директно од нивните производствени погони во Белград и Сараево.

Испратени се лекови кои се неопходни во вакви ситуации, антибиотици, аналгетици, средства за лична хигиена, влажни марамчиња, пелени, средства за дезинфекција. Од компанијата велат дека во координација со Црвениот крст подготвуваат пратка и од Македонија.

-Се координираме и од Скопје во соработка со амбасадите, но и директно со министерствата и кантоните во загрозените подрачја, велат во Алкалоид.

Од компанијата не сакаат да потенцираат за колкава вредност станува збор, бидејќи како што велат најважна е хуманоста и брзината со која помошта се доставува.

Во Реплек велат дека се уште немаат испратено хуманитарна помош бидејќи од Бирото за стокови резерви од каде веќе испратиле помош во лекови, им било кажано да чекаат.

-Подготвени сме во договор со Бирото за лекови да испратиме тоа што е потребно, велат во компанијата.

Донации од неколку десетици илјади евра и свои производи веќе испратија Витаминка, Кожувчанка и Пелистерка.

За разлика од нив мобилните оператори не се покажаа многу дарежливи. Во мобилниот оператор ВИП велат дека овозможиле канал за донации на граѓаните и сметаат дека тоа е доволно.

Во службата за односи со јавноста Т-Мобиле не одговорија на прашањето на НОВА, дали ќе донираат за настраданите од поплавите. Од мобилниот оператор Оне не информираа дека се откажуваат од 3 проценти од влезниците за хуманитарниот концерт кој ќе се одржи во четврток во салата Борис Трајковски. Влезниците за овој концерт ќе се продаваат по цена од 150 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.