Published: Thursday, November 7, 2013 14:39
Голем дел од македонските радио – станици одбиле да ја емитуваат рекламата од кампањата на ЛГБТ заедницата „Љубов за сите“, ќе се одржи на 16 ноември во центарот на Скопје, реагираат од заедницата, но и дел од невладините организации, јавува 24 Вести.
Тврдат дека целта на кампањата е да ја подигне свеста со цел да не се дискриминираат луѓето по различни основи, вклучително и сексуалната ориентација, а за дискриминаторксиот однос на радио- станиците ќе бараат помош и од Советот за радиодифузија.




