Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските рок мајстори со хуманитарен концерт за Сокол

0
By Нова ТВ on June 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 23, 2014 12:09

автор: Љупчо Јолевски

Митко Мустачки Сокол е една од легендите на Македонската рок сцена. Тој е гитарист, врвен мајстор и еден од оние кои живеат за и од музиката. Своевремено распнат помеѓу свештеничката професија и сопствената потреба да ја артикулира младешката енергија, тој на крајот на 1970-те ја одбра сцената. Неговите гитарски сола беа еден од заштитните белези на КАРАМЕЛА, хард-рок составот со интернационална репутација и дружината во која беа пејачот и клавијатурист Стојанчо Андонов Тонка ( ака Енди Стоун), басистот Слободан Дане Крапевски, гитаристот Златко Стојковски – Леткум, тапанарот Благоја Бек Трпковски.

За него се уште кружи легендата дека е инструменталист кој преку вибрирањето на гитарските жици може да го долови исконскиот писок на гајдата, а младите генерации го почитуваа и по неговото упорно настојување да им отвора простор во медиумите во кои подоцна работел како музички соработник или уредник.

Но како што понекогаш бива во животот, Митко Мустачки во последниве неколку години тешко боледува, па така никого нималку и не го изненади идејата на неговите пријатели и колеги да се организира Хуманитарен концерт за Сокол насловен како „Рок мајстори“.

На ова случување, кое ќе се одржи овој понеделник, разбирливо во Младинскиот културен центар во Скопје, местото каде што тие ги сторија своите почетоци и каде што се испишуваше историјата на македонскиот рокенрол, ќе настапат легендарните ЛЕБ И СОЛ, ТОКМУ ТАКА, Гаро Тавитјан, Мики Јовановски Џафер, Зорица Поп Анкова, Коце Икономов – некогашниот гитарист на БИС-БЕЗ и на Танцовиот оркестар на МРТВ. ЛЕВА ПАТИКА, ПРПЛ/ЦЕПЕЛИН, ТОА Е ТОА, Петар Георгиевски Камиказа…Тука се и Бени Шаќири и НОН СТОП, младите гитаристи Дамјан Пејчиновски, Игор Становски, Давид Нешковски и други.

Здравко Ситновски – Ситна, еден од организаторите на концертот и неодминлив лик на урбано Скопје, вели дека тие едноставно не можеле да останат неми на тешката здравствена состојба на својот пријател и познат музичар и затоа се решиле да ги соберат не само генерациски блиските колеги, туку и сите оние кои ја чинат иднината на актуелната македонска музичка сцена и дека очекуваат масовност на ова хуманитарно случување.

Венко Серафимов, гитаристот на КОНКОРД и сега ПРПЛ/ЦЕПЕЛИН и ТОА Е ТОА, пак, ќе рече дека би сакал ваквата иницијатива да се престори во традиција на која би се потсетувале секогаш кога некому од еснафот или на било кој човек би му било потребно укажување почит и се разбира помош од било каков вид.

„Со Митко Мустачки Сокол сме другари повеќе од 40 години. Ние сме иста генерација на гитаристи од втората половина на 1970-те години кога почнавме да свириме по скопските бендови. КАРАМЕЛА беше еден бенд кој во исто време делуваше кога работев со КОНКОРД, ПЕНИЦИЛИН, МОРАЛ…и до ден денеска се гледаме, се дружиме…Тој е редовен посетител на овие свирки што ги правиме како ПРПЛ/ЦЕПЕЛИН…тоа се мали средби на љубителите на таа музика на која тој редовно присуствуваше и наедно е искрен вљубеник, ентузијаст и познавач на таа музика од седумдесеттите години на минатиот век. Убаво е што ќе се собереме да се видиме иако поводот е таков што е и цврсто верувам дека таквото собирање нема да биде само симболично, туку дека ќе се собере и некој денар во овие моменти кога човекот се бори со тешката болест. “

Љупчо Бубо Каров, басистот на кавадаречката легенда ТОКМУ ТАКА, истакнува дека нему му е навистина жал што рок музичарите порано се собирале многу почесто и тоа за поубави поводи, но потенцира дека тие се чудна фела и кога некому му е тешко знаат да иницираат акција и да си помогнат еден на друг.

„Јас сум убеден дека така ќе биде и вечерва. Покрај тоа што претпоставувам ќе биде добра свирка или добар хепенинг, најдраго ќе ми биде ако сето ова што ќе го направиме му помогне во голема мерка на нашиот колега Сокол со кој заедно војувавме на рок сцените во времето додека бевме активни. Мислам дека покрај тоа ќе пратиме и до сите луѓе, посебно до помладите генерации, дека кога има потреба луѓето треба да си помогнат едни на други. Не се сомневам дека сме таква нација, меѓутоа ова ќе биде само уште еден доказ за тоа.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.