НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските Железници уште книжат долгови и побарувања со бивша Југославија, фрапантни наоди на државната ревизија

0
By Соња Крамарска on June 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од извршената ревизија на друштвото Железници Транспорт АД Скопје, државните ревизори објавија фрапантни податоци кои говорат за систематска небрежност и запуштеност на овој важен транспортен сектор. Меѓу наодите на ревизијата се отсуство на систем на интерни контроли и пишани процедури на сите нивоа на работењето, користење на ИТ систем од постара генерација без договор за одржување и сервисирање, како и отсуство на проценка и управување со ризици во ИКТ систем, кои се инаку клучни за функционирањето на возовите и безбедноста на патниците.

Исто така констатирано е и непостоење процедура за јавните набавки, ниту пак критериуми за пополнување на работните места а пресметката на платата за вработените не се извршува според законските одредби за пресметка и исплата на плата.

Утврдено е и дека Железници немаат никаков план за развој на ИТ системот, кој во современиот свет е клучен за функционирањето на возовите и нивното безбедно движење од кое зависи безбедноста на патниците во железничкиот сообраќај. Македонски Железници користат системи кои се од постара генерација за кои нема договор за одржување и сервисирање со што нивното нормално функционирање е отежнато. Истовремено апликациите кои се користат на овие системи се на застарени платформи кои повеќе не се употребуваат во ИТ индустријата, со отежната набавка на резервни делови, што за таков тип на транспорт каде што е важна синхронизацијата може да доведе до фатални хаварии. Но цела среќа што во Македонија сообраќаат возови чиј број може да се изброи на прсти.

Најголем апсурд е што 83 проценти од побарувањата и долговите на Железници се од 1991 година кога се случи распадот на Југославија. Ова јавно претпријатие не се потрудило да ги исчисти своите деловни книги каде од година во година се нотираат побарувања и обврски спрема добавувачи кои датираат уште од бивша Југославија. Одговорните лица го известиле ревизорот дека износите на побарувањата и обврските се по сметководствената евиденција на поранешната Југословенска Железница, која ги водела деловните книги како централна единица (матица) во Белград по кој е направен распоред на побарувања согласно територијално учество во железницата на тогашната Југословенска територија.

„Надлежните органи и одговорните лица на Македонски Железници немаат преземено никакви мерки односно анализа за можноста за наплатливост на овие побарувања и исплата на обврските и предлог за отпис на истите“, констатира Државниот завод за ревизија.

Понатаму, со увид во поединечните досиеја од спроведените постапки за доделување на договори за јавни набавки и нивната реализација било утврдено и дека во сите  постапки за јавна набавка, изјави за непостоење на судир на интереси се потпишани само од претседателот и членовите на комисијата за јавни набавки а не и од нивните заменици што е законска обврска.

Притоа ревизорите открија бројни злоупотреби и кршења на законот при јавните набавки. Во пет случаи кои резултирале со склучување на договор избраните понудувачи само поднеле изјава дека имаат капацитет за изведба на договорот без да поднесат и доказ како што е пропишано со законот. Докази не им се побарани ниту од страна на комисијата за јавни набавки и се склучени договорите без да се спроведе овој важен контролен инструмент.  Утврдени се и злоупотреби при набавка за замена на изводни кабли или бакарни шини, кога производот бил договорен за цена од 24 илјада денари, додека подоцна при фактурирањето цената „пораснала“ на 86 илјада денари, врз основа на што исплатени се вкупно средства во износ од 520 илјади денари, додека согласно Договорот требало 148 илјади денари.

Инаку Железници од 2015 досега се во континуирана загуба и во зачестени штрајкови на вработените, бидејќи приходите не можат да им ги покријат ни трошоците за работењето, а помошта што им ја дава Владата одела за плати на вработените.

Директори во последните години биле Орхан Муртезани, генерален директор и претседател на Управен одбор од август 2019 до октомври 2020 година, Аднан Азизи, генерален директор и претседател на Управен одбор од октомври 2020 година до декември 2021 година, а по тој период на чело на компанијата доаѓа Мубекир Палоши чиј мандат е до крајот на 2022 година. (С.К.)

Железници АД Транспорт Скопје Ревизорски извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.