Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонци и Албанци, драгите тие партиски доенчиња

0
By Биљана Секуловска on September 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 26, 2020 10:04

Најавата на Владата, односно нејзиниот прв заменик, Артан Груби, за државни субвенции за вработување на Албанци во приватните компании, ја крена на нозе критичката јавност. Но, зошто добога, кому сега тоа и може да му биде проблем? Критичарите и незадоволните се подврткуваат и нервозно се подместуваат, ги исправаат показалците и заканувачки мавтаат низ воздухот, кутрите тие, не знаат дека можете со еден удар да им ги збришете струењата.

Гласни и бучни, бараат невозможни работи, високи цели наспроти ниските удари кои сме навикнале да ги примаме и офкајќи да замолуваме за уште, ако веќе навистина мора. Крештат и крикаат, несвесни дека никој нема да ги чуе- бараат преседани и нови светови- државни субвенции за памет и способност, квалификуваност и компетентност, сеедно дали се работи за Албанци или Македонци. Високи или мали. Големи или ситни. Блескави или невидливи. Чесни или расипани. Издигнати или пропаднати. Веројатно има некаква чест во сиот тој избор?

Ништо од тоа не е важно. Наивните тие, не знаат дека на крај се се сведува на само еден чинител, кој е мерило за успеси и падови, напредок и тонење во оваа држава, нешто како кога со тон кал и пепел кога  ве посипуваат, но ве убедуваат дека огледалото вие сте го изгребале и поткршиле, а сега како крст ќе го носите низ животот.

Така изгледа и еден мал живот, со големи изгледи да прерасне во величенствен, сако ако се поседува партиска книшка. Државата раздава субвенции и што уште не, децении наназад, еднакво како што и вработува, нахранува и напојува, пресудува, венчава и крштева, благословува и погребува. Секакви се по редиците, застрашувачки намножени и накотени- секакви и никакви добиваат се што ќе посакаат, важно е да ве има на партискиот список.  Килави и исправени, храбри и подвиткани, разборити и збунети, радосни и смрачени- важно е да се поседува тоа парче хартија, партиска припадност.

Со партијата во џеб можете да ги освојувате врвовите на тапоста, да не знаете што работите, ниту каде таа дејност се одвива, внимавајте, а сепак  да примате плата. Да лежите и да се тркалате, а светот да го убедувате дека сте исправени и во готовс, спремни планини да срушите, залегнати од дома, Македонци, Албанци, браќа, синови, партиски доенчиња, гушнати и сраснати цицалчиња, неспособни за држава, бесрамни во дивината која ја создадоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.