Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонци во странство: Предраг Терзиоски- како Белгија се справува со Корона кризата

0
By Биљана Секуловска on April 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 26, 2020 13:16

За НОВА говори Предраг Терзиоски, функционер во Еуроконтрол, меѓународна организација за безбедност на воздушниот сообраќај: Во овој сектор по завршувањето на кризата дефинитивно ќе има најголеми промени и по мое предвидување ќе дојде до укрупнување т.е. само најјаките ќе опстанат, а и тие само со обилни донации од државите и од Европската Унија. 

НОВА: Кога ви се обратив за интервју, ми кажавте дека сте дома, од дома работите. Како функционирате воопшто работејќи дома?

Терзиоски: Работењето од дома функционира, но не целосно. Мојата работа е врзана со многу патувања и состаноци, виртуелните алтернации не се целосна замена, а и одземаат повеќе време за организација и реализација.

Една од нус-последиците од корона вирусот е тоа што големите и богати компании и организации за да одржат ниво на ефикасно работење, вработуваат цели тимови на консултанти кои што работат на усовршувањето на процесот на виртуелно работење поради одржување на ефикасноста. Така да постојат пропишани стратегии, тактики и процедури кои го регулираат работењето од дома.

НОВА: Дали сите фирми ги пратија работниците дома, дали е задолжително или само препорака, што е со јавниот сектор, дали и за нив важи препораката?

Терзиоски: Да, мерката е задолжителна и се однесува на сите компании, јавниот сектор, меѓународните организации кои ги има многу во Брисел, нормално освен за неопходните (снабдување, безбедност и друго). Донесена е одлука мерките постепено да се релаксираат, така што најголем број компании почнуваат со враќање на работа веќе на 4-ти мај.

НОВА: Како Белгија се справува со Корона вирусот?

Терзиоски: Мој личен впечаток е дека и покрај високите бројки, државата, т.е. надлежните институции се справуваат добро со кризата, и во оваа кризна ситуација своевидниот феномен, наречен „белгиски компромис“, функционира извонредно. Сите политички субјекти се свесни за тежината на ситуацијата и работат заеднички и координирано.

НОВА: Дали се затворени сите објекти како во Македонија- ресторани, шопинг центри, училишта, универзитети?

Терзиоски: Во моментот е се затворено но и тоа на еден посебен начин, во Белгија по малку е се “лабаво”, па и спроведувањето на мерките, на пример работат сендвичари, рестораните работат со нарачка и достава дома, и во однос на ова прашање веќе е донесена одлука за постепено отварање, каде што комплетната трговија и услуги се отвораат на 11-ти мај, училиштата на 18-ти мај а Универзитетите остануваат со учење и полагање од дома.

Нормално, сите овие ублажувања на мерките одат заедно со додатни мерки, како задолжително носење маски за лица над 12 години, и обезбедување простор во училиштата, не повеќе од 10 ученици во одделение.

НОВА: Како е ограничено движењето на граѓаните, дали се придржуваат, дали се почитуваат инструкциите на државата?

Терзиоски: Нема рестриктивно ограничување, но има препораки. Накратко ,ако имаш добра причина можеш да се движиш или да патуваш било каде. Препораките главно се почитуваат, но поради тензичната психичка состојба нормално се случуваат и инциденти- од коишто би го издвоил инцидентот кои се случи во работничкото предградие на Брисел – Андерлехт, каде младо момче настрада во бркање со полицијата. Започнаа нереди кои брзо беа прекинати (после еден ден), по барање на семејството на починатото момче.

НОВА: На кој начин функционира образованието, дали има потешкотии за наставниот кадар и учениците?

Терзиоски: Образованието за сега е виртуелно. Немам подетални информации, но знам дека релативното брзото отворање на училиштата и покрај сите ризици и во Франција и во Белгија е поради одржување на принципот на еднаквост и социјална правда, но и фактот дека не сите ученици имаат еднакви услови и се во состојба да го спроведуваат виртуелното образование.

НОВА: Каква е реакцијата на граѓаните, дали се смирени и дисциплинирани, дали има оптимизам за брзо решение на кризата?

Терзиоски: Белгијанците се по природа смирени и дисциплинирани,  не се оптимистични но затоа се реални.

НОВА: Работите во организација за безбедност на воздушниот сообраќај, какви и колкави се последиците на кризата по авио-сообраќајот, кои се мерките за справување и што не очекува во овој домен по завршувањето на оваа криза

Терзиоски: Последиците по транспортниот сектор, а посебно по авио-сообраќајот каде што преовладува превозот на патници, се најтешки. Практично комплетниот превоз на патници во Европа не функционира. Вкупното намалување на сообраќајот (бројот на летови) на Европско ниво во последните две недели се сведе само на 5% од бројот на летовите споредено со истиот период мината година.

Она што воопшто лета се карго летовите, медицинските летови и минимум војни летови. Најважната интервентна мерка е мораториумот, т.е. ослободување од обврска на авио превозниците од плаќање услуги за воздухопловна навигација, ретроактивно од почетокот на кризата, засега со важност до крај на годината. Оваа мерка заштедува на авио-превозниците кои се во најтешка ситуација околу 2 милијарди евра, но тоа ни од далеку не е доволно за успешно справување со проблемите.

Во овој сектор по завршувањето на кризата дефинитивно ќе има најголеми промени и по мое предвидување ќе дојде до укрупнување т.е. само најјаките ќе опстанат, а и тие само со обилни донации од државите и од Европската Унија. Конкретно, во мојот домен – Контрола на летање, проблемите со безбедноста ќе настанат по нормализацијата.

Иако државите и Европклата Унија имаат обврска да го финансираат функционирањето на системот, тој функционира на ниво на технолошки минимум. Како човек со долгогодишно искуство со кризни ситуации, знам дека враќање на оперативен систем во „полна форма“ по период на прекин е комплициран процес кој може да има последици по безбедноста. Наша работа е ова да го превенираме и да направиме се европскиот систем за воздухопловна навигација спремно да го дочека крајот на кризата.

НОВА: Кои се предвидувањата на официјалните претставници, на експертите- кога се очекува крај на кризата?

Терзиоски: Сериозни експерти и официјални претставници не си дозволуваат да имаат предвидување за крајот на кризата, затоа што тоа е многу неблагодарно. Но дефинитивно имаат предвидување и план за справување со пандемијата во услови на понормално функционирање на економијата и останатите дејности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.