Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македoнија сепак ја издаде еврообврзницата

0
By Нова ТВ on July 19, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија одново ја издаде седумгодишната еврообврзница со камата од 5 проценти, објави Ројтерс.

Тргувањето со еврообврзницата чија максимална вредност е 650 милиони евра беше одложено минатиот четврток откако член на опозицискиот СДСМ упати писмо во кое го покрена прашањето за правна надлежност за нејзино издавање.

Дека еврообврзницата повторно ќе биде издадена потврди и вицепремиерот Владимир Пешевски во изјава за телевизија Канал 5 пред неколку дена, кој според СДСМ веќе ја презел работата околу нејзината реализација, наместо министерот за финансии Кирил Миновски.

Пешевски во изјавата рече дека со писмото на Кире Наумов од СДСМ кој ги преупреди банките за задолжувањето, се прави штета на репутацијата на земјата.

-Со тоа писмо се нанесува голема штета на Република Македонија, бидејќи еврообврзницата се издаваше за период од две години, значи не требаше сите средства да се употребат само за оваа година, туку и за следната. Со ова се нанесува огромна штета на репутацијата на Република Македонија бидејќи и покрај тоа што не постоeја правни пречки за издавање на еврообврзницата сепак инвеститорите и советници, сите вакви написи ги следат со крајно внимание и ќе биде потребно сега да бидат дополнително уверени дека  не постојат пречки за нејзино издавање, вели Пешевски.

Кире Наумов на прес конференција рече дека процесот на издавање на еврообврзницата е одложен, но не и прекинат.

Тој вели дека власта побарала правно толкување за важноста на целата постапка од страна на Министерството за правда кое ќе биде испратено до банките за тоа дали е неопходно толкаво задолжување, мислење кое согласно Законот за јавен долг требало да биде издадено пред носењето на одлуката за задолжување.

Тој потенцира дека доколку се издаде еврообврзница истата таа треба да се издаде со постапка со која беше издадена во ноември 2015г. Сепак, тој истакна дека за да може да каже колку конкретно и е потребно на задолжување на Македонија во овој момент, треба да има барем минимум увид во Министерството за финансии – ингеренции кои на Наумов му се одземени по оставката на местото дополнителен заменик министер.

Водечки банки агенти кои ќе тргуваат се Ситигруп, Дојче банк, Ерсте груп и Сосиете женерал.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.