Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макпетрол е во одлична форма – БХПЛ сакаат лесно до „златна кокошка“

0
By Нова ТВ on August 26, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто токму сега, анонимна офшор-компанија основана пред неполни три месеци со влог од само 1000 евра, сака да ја преземе најголемата и најстарата македонска нафтена компанија? „Инвеститорите“ од „Балкан Петролеум“ се обидуваат Макпетрол во јавноста да го претстават како загубар, но официјалните резултати од работењето на компанијата ги демантираат.

Лани, Макпетрол прикажа добивка по оданочување од над 13 милиони денари, додека во првиот квартал од годинава, резултатите се уште подобри – добивката изнесува 44,2 милиони денари. Компанијата во изминатиот период ги засили сите сегменти од своето работење, го зголеми пазарниот удел и ја намали кредитната изложеност. И пред полугодишниот извештај за работата на Макпетрол, кој исто така се најавува дека ќе биде позитивен, јасно е дека нафтениот гигант стои на цврсти нозе.

Влегувањето на сомнителните бизнисмени од БХПЛ во Макпетрол, од една страна, би значел дека тие само ќе го „соберат кајмакот“ од работењето на компанијата, која има водечка позиција на пазарот. Од друга страна, со ова може да изгубат сите македонски граѓани – државата да стане енергетски зависна од сомнителни странски канали, а профитите, наместо да останат во земјава, да се одлеваат во непознат правец, низ офшор-лавиринтите на руско-украинско-израелските „инвеститори“.  Но, уште позагрижувачко е второто можно сценарио – „инвеститорите“ од БПХЛ да ја распарчат и затворат компанијата (како што тоа го сториле со романската рафинерија „Рафо“), а акционерите и вработените во Макпетрол да останат без ништо. Ако се има предвид големината на Макпетрол и неговото значење за македонската економија, ваквиот исход би бил погубен за целото стопанство, а потресот би предизвикал последици не само во земјава, туку и во регионот.  

Уште од почетокот на целиот случај со Макпетрол, аналитичарите се едногласни дека клучна улога имаат македонските институции, чија задача е да го заштитат домашното стопанство од сомнителниот капитал од странство. Но, институциите и натаму ги игнорираат не само повиците на експертите, туку и прашањата на европските енергетски власти околу овој случај. За сомнежите за легитимноста на „инвеститорите“ од БХПЛ и за потеклото на нивните пари се заинтересира и Европската енергетска заедница со седиште во Виена, која пред еден месец испрати писмо со прашања за целиот случај до македонските власти. Институциите не комуницираат со ЕЕЗ и не одговараат на писмото. Ова деновиве е повод за нова конфронтација меѓу Владата и оваа важна организација, која може да воведе санкции и да ги запре европските фондови за енергетски проекти во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.