Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макпетрол: Добивка од пет милиони евра во првите 9 месеци од годинава

0
By Нова ТВ on November 11, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нафтената компанија Макпетрол соопшти дека во првите девет месеци од годинава остварила добивка по оданочување од над 4.7 милиони евра (292 милиони денари), што претставува продолжување на одличните резултати на компанијата во 2016 година. Во исто време, Макпетрол ја подобрил малопродажбата на енергенси за 10 проценти, а книговодствената вредност на акцијата е зголемена на 542 евра. Остварувањето на финансискиот план е надминато за 62 проценти, објави сајтот бизнисвести.мк.

Овие резултати се уште една потврда дека тврдењата на луѓето од „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ дека Макпетрол е компанија-загубар, паѓаат во вода. Се покажува и колку нереална била понудата на „БПХЛ“ – сомнителната офшор-компанија годинава се обиде да го преземе контролниот пакет акции во Макпетрол за нешто помалку од 24 милиони евра, а нафтениот гигант прави добивка од пет милиони евра за помалку од една година!

Подобрената продажба на енергенси на мало годинава го зголеми и пазарниот удел на компанијата, а компанијата соопшти дека во 2016 година продала за 16.000 тони деривати повеќе отколку во истиот период лани. Во исто време, Макпетрол ги намалил расходите од камати и од курсни разлики за 24 проценти, како резултат на задржувањето на трендот на намалување на кредитната задолженост спрема банките. Во овој период, компанијата имала зголемени приходи од вложувања, камати и од курсни разлики во однос на минатата година за 57 проценти,  како и зголемени приходи од промет со останати стоки за 15 проценти и зголемена маржа од промет со стоките од 20 проценти, доминантно на бензинските станици. Трошоците за суровини и на други материјали се намалиле за 65 проценти.

Со оглед на завидните резултати годинава, се создаваат услови за исплата на дивиденда за акционерите на крајот на годината. Компанијата во изминатиот период презеде нова, ефикасна маркетинг стратегија, прими нови 89 вработени и вложи преку три милиони евра во изградба на нови бензински станици и реконструкција на постојните.  Во изминатиот деветмесечен период, Макпетрол редовно и уредно ги исплаќаше платите и придонесите за над 1800 свои вработени, како и сите давачки кон државата. Лани, вкупните давачки на компанијата кон државата изнесуваа над 174 милиони евра.

Од прикажаните резултати, јасно е дека Макпетрол е компанија која работи со профит и има одлични перспективи. Позитивните резултати доаѓаат во годината во која компанијата паралелно со предизвиците на пазарот и растечката конкуренција, се соочи со обидот за преземање од страна на „Балкан Петролеум“ – случај во кој сè уште има многу нејаснотии и сомнителни околности, а акционерите се изложени на неизвесност и страв за иднината. Сепак, консолидацијата на компанијата и нејзините последни, одлични резултати се најава дека Макпетрол продолжува да работи успешно и покрај големите предизвици.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.