„Не знам зошто во Македонија денеска, за разлика од цел свет, сеуште државното раководство не кажа збор за смртта на Нелсон Мендела, да потсетам дека, покрај ова ц-цкањето на колегите пратеници, можеби и не знаат за кого се работи. Не постои парламент во светот кој што, ова сега што го проверив немаше минута молчење“, рече денеска во Собранието пратеникот на СДСМ Јани Макрадули.
– Вчера советот на безбедност на Обединети Нации имаше минута молчење, денес се огласија сите лидери на светот, навистина апелирам до државните органи кои сеуште имаат чувство што значи демократија да каже некој збор за смртта на Нелсон Мандела.
Во останатиот дел од својот говор тој истакна дека во однос на законот за превоз на патниот сообраќај, дека владата, ќе тргне прво од себе и во владата ќе има министри и заменици министри што ќе знаат англиски.
– Не е лошо таксистите да знаат англиски, тие можат да направат повеќе пари во ден, подобро е да знаат англиски, но нека тргне владата од себе. Нека си направат едно истражување министрите и замениците министри колку знаат англиски, па после тоа да го бараат од другите. Бидејќи денес, гледам дека имаме и други закони кои што дојдоа во прво читање, каде се се бара нешто од јавната администрација, тестови, компјутерски програми, ама најдобро е тоа да ни го покажат во владата, дали тие го знаат тоа. Еве има отворена седница на владата и нека зборуваат тие на англиски, па така ќе видиме дали навистина имаат кредибилитет, рече Макрадули.




