Наместо парите да се инвестираат во кочии од Полска и коњи од Грција тие пари да се вложат во проектите за отстранување на азбесните цевки во Скопје, кои уште во 1989 година е донесена одлука повеќе да не се инвестираат во Македонија. Некој има прилика да зборува за амандманите што ги поднесува, а јас заради диктаторскиот деловник, не ќе можам да ги бранам амандманите за општина Центар, за основното училиште, за општината во која живеат и Груевски и Ставревски и Гордана Јанкуловска, нема пратеник од Центар во парламентот од ВМРО-ДПМНЕ. Апелирам до владата, некако кога ќе го добијат тој прочистен текст, а не ќе имаме шанса да зборуваме овде заради диктаторскиот и тоталитарен деловник, да направат нешто за граѓаните во која што општина живеат, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули на девето продолжение на седницата на Комисија за финансирање и буџет.
– Aпелирам, еве во приватен интерес, Владанка Авировиќ да ургира кај директорот, кај неговата сестра, бидејќи е финансов директор, замислете на истата институција, „Паркови и зеленило“ и да во една заедничка, семејна атмосфера се договорат, наместо кочии од Полска и коњи од Грција да купат, да интервенираат во азбесните цевки бидејќи непотизмот не важи во Скопје и не важи за ВМРО-ДПМНЕ апелирам, на семеен интерес ВМРО да посветат внимание малце, освен на богатата трпеза и на водата што ја пијат – нагласи Макрадули.




