„Заемот можеме да го третираме како доказ од страна на Владата за поразот во политиката на образованието. И на високото и на средното. А од друга страна 17 милиони евра, коишто не се интересни за парламентарното мнозинство, како да ќе ги враќа некои други граѓани, од некоја друга планета, а не нивните деца, внуци, роднини, пријатели, отвора или е уште една потврда за начинот на кој што оваа Влада ја води политиката. А тоа се заеми, заеми, заеми и само заеми“, рече пратеникот на СДСМ Јани Макрадули во Собранието на Република Македонија.
– Пред некој ден кога министерот Ставрески објави со гувернерот на Народна банка, дека нема децата во Македонија да добиваат пакетчиња, иако гледам денеска дека општина Штип денеска распишува тендер за делење на таблети за оние што ќе рипаат за крстот, дека тоа е дозволено, а за пакетчињата децата нека патат.
– Објави дека ќе се воведат иновации и вештини ама кај децата, да учеле финансии. Може ли за промена прво во Владата да повежбаат малку финансии? Дефинициите за задолжување, за јавен долг. Тие да ги поминат. Од министерот, од гувернерот, па надолу, до Владата, до замениците министри. Пратениците е умрена работа. Па да учат што е камата, што значат овие 17 милиони евра плус. Зошто да ги малтретирате децата малечки, што не им давате пакетчиња. Вие научете нешто.
– Сега Владата ќе се обиде некако да го подобри тој пропаст што постои во образованието. Уништувањето на занаетите, уништувањето на стручните предмети, коишто укажувавме со години, Владата беше глува. Сега со 9 милиони евра ќе ги враќа назад.
– Ви кажувавме дека 24/7 детето има компјутер пред него, тој ниту има вештини, ниту има иновации. Туку станува робот на предметот што го учи. Дека модерното образование во 21 век се базира на интерактивност и креативност. Ама со кој ќе го направите тоа? Со партиски упад што го правите со наставниците во образовниот процес. Или со партиски упад во високото образование. Каде што учебната година на Кирил и Методиј, што како наука треба да се бори против догмите, започнува во црква. Со панихида на образованието.
И сега ќе земете 17 милиони евра за што?
– Ова лудило за задолжувањето, заемите мора некогаш да престане, рече Макрадули.
Пратеничката група на СДСМ е против ова ново задолжување, којзнае кое по ред, којзнае која е вредноста на јавниот долг во овој момент или на заемите што ги плаќаме и што мораат да ги плаќаат граѓаните, ради неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.




