„И вчера и денес власта овде демонстрираше една не видена леснотија на морална дволичност во која власта преку предлагачот зборуваше за злоупотреба на процесот на лустрација, зборуваше за законот иако тоа не е тема на денешнава точка.
– Не се кажа збор за кандидатите и не споменувајќи ни еден од нив практично избриша под јавно, третирајќи ги како инструмент за поделбата меѓу Македонците, менување на македонската историја и ронење на македонскиот идентитет. Се потврди она што повеќе експерти од заштита на човековите права го зборуваат тоа дека еден режим не може да лустрира друг режим“, рече од собраниската говорница пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули.
Која е цената на молкот на ДУИ и ДПА не знам, цената на молкот за кршењето на слободата не човековите права и со парламентарното мнозинство не ја знам, ама знам дека има своја цена.
„Се обидуваме и сега да од еден процес кој што требаше да биде верификација на фактите со вметнување на процесот на гласање да направиме една сатанизација на политичките противници да направиме една дополнителна поделба на македонското ткиво и да се отвори една лажна дилема за Македонскиот идентитет впрочем за тоа зборуваше и македонската академија за науки и уметности во своето писмо до владата“, истакна Макрадули.




