Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва по прекинатиот разговор меѓу претседателите на САД и Украина во Белата куќа изјави дека постои „агресор – Русија и луѓето кои се напаѓани во Украина“.
Има агресор, тоа е Русија, има нападнат народ, тоа е Украина, изјави Макрон за новинарите во Португалија пред крајот на неговата посета на земјата.
„Мислам дека бевме во право што и помогнавме на Украина и ја санкциониравме Русија пред три години и продолживме да го правиме тоа“, додаде францускиот претседател.
Реагираше и полскиот премиер Доналд Туск, кој на социјалната мрежа „Х“ им напиша на Зеленски и Украинците дека „не се сами“.