Шестгодишната Александра Бошњаковска, од синоќа е повторно со нејзината мајка Татјана. Како што соопшти МВР девојчето било пронајдено во Маврови анови синоќа околу 22 часот и 30 минути.
Вчера полицијата го приведе Александар Бошњаковски, дедо на малата Александра, а судот му одреди 30 дневен притвор, за незаконско одземање на дете и за запуштање малтретирање на малолетно лице.
Во отсуство му е одреден притвор и на таткото на Александра, Стефан, а кривична пријава е поднесена и против чичкото Мартин и бабата Снежана.
Во јули 2011 година, додека Татјана, инаку поранешна сопруга на Стефан, била во Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на Стефан и неговиот брат Мартин и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Македонија.
По ова бабата на девојчето заедно со останатите членови го криеле девојчето на различни локации во Скопје, постапувајќи спротивно на правосилната судска пресуда со која девојчето и било доделено на мајката Татјана.
По добиениените информации дека малолетното дете се наоѓа на подрачје на Македонски Брод, по превземени мерки и активности, околу 22.30 ч. од страна на полициските патроли кај населеното место Маврови Анови сопрено е такси возилото во коешто биле малолетното дете и неговата баба за кои претходно се распишани потерници за пронаоѓање на лица.




