Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, во чиј мандат пред 20 години Македонија влезе во Организацијата на обединетите нации, за НОВА зборува како истите поделби што ги имаше тогаш околу влезот на земјата во ООН ги има и денеска.
Според него, поделбитe во македонскиот Парламент се случуваат кога заедништвото повторно ни е од голема важност во период кога се бориме да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.
Тој смета дека оттогаш ништо не сме научиле за тоа како да изградиме единство и заеднички да застанеме на иста позиција кога се во прашање виталните интереси на нацијата и државата. За ваквата состојба тој ги обвинува политичките елити, кои не можат да се оттргнат од подметнувањата и да ги насочат своите напори во правец на постигнување решенија за добробит на граѓаните.