Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малески: Навлезени сме во многу тежок идентитетски спор со соседната држава

0
By Нова ТВ on December 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 17, 2015 19:38

Иако најавувана дека нема да биде „само формална посета“, средбата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на Атина денеска, се претвори во серија протоколарни средби, со единствена порака: имаме да поминеме планини за решавање на спорот.

Не се остварија ниту најавите од грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас дека ќе бидат презентрани неколку идеи за надминување на спорот, што шефот на грчката дипломатија веќе го најавил за време на посетата на Скопје во јуни и дека тоа сепак нема да бидат предлози од типот„земи или остави“, компромис прифатлив за двете страни.

На прес-конференцијата ниту Попоски ниту Коѕиас не одговорија директно, дали на тет- а- тет средбата имало конкретен предлог за спорот.

– За името никој нема никаква корист од креирање лажни очекувања. Во тој дел постојат суштински разлики меѓу ставовите на двете земји. Тоа е факт, изјави Попоски, додавајќи дека ова прашање нема да се решава без референдум.

– Околу разликите за името се разговара на повисоко ниво во ОН во консултација со медијаторот Метју Нимиц. Бараме чесен компромис кој ќе се бори против национализмот и иредентизмот на двете страни и ќе ја помогне иднината на двете земји, рече Коѕиас.

Ваквиот исход од посетата на министерот Попоски на Атина, која е прва ваква по 15 години, за професорот Денко Малески „е уште една потврда дека сме навлезени во еден многу тежок идентитетски спор со соседната држава“.

– Тоа се планините кои не раздвојуваат. Исполнувањето на поимот „Македонија“ со, така да се изразам, „античка“ а не со „словенска“ содржина, наложува прво да се разрешат идентитетските теми на двата македонски идентитети кои ги дели граница, па дури потоа да може да се зборува за името. Хипотетички, можеби решавањето на идентитетскиот проблем, ќе го направи прашањето за името ирелевантно, иако се сомневам во тоа. Последниве десетина години, од македонска страна, е вложен огромен труд и огромни пари во поставувањето на темелите на нашиот идентитет во она што грчката историја го смета за свое историско и културно наследство – Античка Македонија. Згора на ова, бидејќи премногу долго трае ова одење во погрешна насока, нема да можеме да се вратиме на правиот пат бргу, вели Малески за НОВА, во врска со исходот од денешната посета на Попоски во Атина.

Според него, националистичките политики во обете земји се всушност огромната препрека која ги заглави народите во кавга за минатото, која како што вели Малески „нас не чини иднината“.

Веќе 24- години траат преговорите меѓу двете земји и покрај посредството на ОН, нема никакви сериозни поместувања. Професорот Малески од експертска позиција, за НОВА го потврдува она што сите овие години е впечаток и на јавноста – ниту на едната, ниту на другата страна не и оди во прилог овој спор да реши.

– Јазикот на дипломатијата тоа не го кажува, но факт е дека политичарите од двете страни на границата можат само да изгубат ако сериозно се зафатат со решавањето на овој проблем, стар барем сто години.Оттаму и взаемната соработка за негово одложување, преку разни дипломатски маневри. Новиот гаф на министерот Козиас, сличен на оној кој го направи при посетата на Скопје кога, за нашиот претседател за чии „национални идеи“ не може да има високо мислење, рече дека е „голем лидер“, ги открива вистинските намери на Грција да се влече проблемот. Тој, имено, денес вели дека треба да се сочека да се смират „екстремните национализми“ на двете страни, а седи визави претставникот на македонскиот „екстремен национализам“. Заедно со денешната изјава на нашиот министер за некакви „големи планини“ кои се испречуваат на патот за решавањето на спорот со името, без да разбере дека тие планини се прашањата врзани за античкиот идентитет на Македонците, станува очигледно дека националистичките политики на Грција и на Македонија ги заглавија народите на двете земји во кавга за минатото, кавга која нас не чини иднината, вели Малески.

Теренот за денешната средба Попоски- Коѕиас со денови претходно се подготвуваше преку пренесувањето на интервјуата на министерот Попоски за грчките весници „Катимерини“ и „Реал“ овде. Најново од таа серија беше изјавата на македонскиот премиер за британски „Гардијан“, која предизвика огромни реакции во јавноста, но пред се во Кабинетот на Груевски.

Обвинувањата се движеа од „новинарски коментар“, преку “провокации на кои сме навикнати“, до тоа дека “текстот бил погрешно пренесен во дел од македонските медиуми“. За професорот Малески, тука нема никаков „заговор“.

– Тоа е обичен судир на две култури: едната,западната, на британскиот новинар, за кого „зборот е збор“, и другата, ориенталната, на нашиот премиер, кој мисли дека е дозволено да се биде Итар Пејо, истакнува Малески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.