Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малески: Русија ја турка Македонија во сојузот со западните демократии

0
By Нова ТВ on March 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 26, 2018 22:18

Првиот министер за надворешни работи на Република Македонија, Денко Малески, за ситуацијата која се случува денес со протерувањето на руските дипломати од западните земји, меѓу кои и Македонија, коментира дека многу од симптомите наликуваат на она што се случуваше во студената војна.

-Ова е момент кога треба да се изрази солидарност и поддршка како што е направено сега. За да се изрази солидарност со  Велика Британија и да се изрази загриженост врз фактот дека за првпат од формирањето на НАТО врз териотирија на земја членка на НАТО употребен е ваков гас кој што е забранет со Женевската конвенција. Едновремено и да се каже дека ова што се слчува на релација Русија – Западот се должи во голема мерка на на политиките што ги водат западните сили, политиката на Доналд Трамп, кој се откажува на водство во светот и ја повлекува моќта на сад во своите граници – вели Малески.

Во однос на санкциите кои може да следуваат откако македонското Министерство за надворешни работи донесе одлука да протера еден руски дипломат, и руската амбасада предупреди дека ќе следуваат последици, Малески смета дека „да се покажува сила врз една така мала земја како што е Македонија е навистина вон разум“.

-Во оваа голема игра што се одвива на меѓународната сцена каде што влоговите се многу поголеми од значењето на Македонија, Македонија мора да земе страна. Руското поведение ја турка Македонија во сојузот со другите западни демократии. Иако тие најавија дека нивната реакција ќе биде симетрична, и ќе протеруваат дипломати, сепак ова ќе ја замисли Русија во своето идно поведение, а можеби ќе ги замисли и Администрациите на Доналд Трамп и Тереза Меј да повеќе обрнат внимание на демократии како Македонија – вели Малески.

Тој е загрижен поради тоа што САД практично се откажува од улогата на водач на светот.

-Тешко е да се носат драматични и силни одлуки од страна на мали држави без поткрепа на САД. Америка го поддржува процесот, но поради внатрешните проблеми и менувањето на курсот на нивната политика, не можеме да очекуваме некое посилно инволвирање на Америка.

Ако најмоќната земја во светот се повлекува, се плашам дека нашиот проблем не ќе може да се разреши, бидејќи веднаш посилната земја, во овој случај Грција излегува со список на свои барања и Македонија ќе биде ставена во ситуација да прифати, евентуално со некои мали измени, или да одбие.

Потребен е ангажманот на големите сили – заклучува Малески.

Министерството за надворешни работи соопшти вечерва дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал.

– Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, соопшти МНР.

Македонската страна ќе ги носи последиците од протерувањето на рускиот дипломат, објави вечерва руската амбасада во Македонија на Твитер, по одлуката на македонското Министерство за надворешни работи да протера еден руски дипломат поради случајот Скрипал.

– Владата донесе одлука да протера руски дипломат. Целосна одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна, објави руската амбасада на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

За случајот Скрипал од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани најмалку 30 руски дипломати, во глобална координирана акција како одговор за Москва поради случајот Скрипал.

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет вечерва ја поздрави одлуката на македонското МНР да протера руски дипломат од земјава.

-Ја поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност, напиша амбасадорот Гарет на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.