Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малевски: Aнтиката нe закочи

0
By Нова ТВ on March 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 31, 2013 11:43

Советот на министрите на ЕУ во јуни ќе реши дали ќе даде годинава зелено светло за старт на преговори за членство за Македонија врз база на анализата на ЕК за демократските и реформски процеси и состојби во Македонија како и за напредокот во спорот со името.

Според професорот Денко Малевски, мали се изгледите Македонија да направи прогрес во спорот со името како и во полтичкиот дијалог на кој инсистира Европската комисија. Својата оценка професорот Малевски ја изнесе во интервју за Радио Слободна Европа.

“Партиите во Македонија и во најтешките моменти за државата не беа во состојба да седнат и да разговараат. Повикот за дијалог кој доаѓа од надвор е всушност повик да се изгради единствен став на државата, зашто само така може да има ефект нашата надворешна политика. Таква беше ситуацијата на раздробеност, скараност, желба да се уништи противникот пред 20 години, таква е ситуацијата и денеска. Ако тоа се има предвид се поставува прашањето како тоа една држава која не е во состојба дома да разговара меѓу себе, може да разговара со кого било надвор” вели Денко Малевски во интервју за РСЕ.

Спорот за името според Малевски дополнително го компликува и фактот што како во Грција така и кај нас доминира националистичкиот концепт.

“Ова е судир на два национализми. Кога од двете страни на границата би живееле либерално настроени луѓе во некој замислен свет, тие од грчката страна сигурно не би имале приговор што ние го употребуваме терминот Македонија и што ние се нарекуваме Македонци. Кога би живееле либерални умови од оваа страна на границата кај нас, тие сигурно не би се срамеле од својот словенски јазик и дека нивниот базичен идентитет, како и јазикот е словенски, туку да се повикуваат на некакви си расистички теории за антика и за некакви си супер-луѓе од кои што потекнуваме. Кога би било така, ама не е така. Имаме судири на два национализми коишто она што примарно беше проблем, разграничување меѓу новата држава Македонија и грчката провинција Македонија, тогаш пред 20 години, сега прерасна во еден комплициран проблем на спор околу идентитетот, кои се вистинските Македонци? Дали ние од оваа страна или грчките Македонци од другата страна, кои се реинкарнација на античките Македонци, во основа еден глупав спор” вели Денко Малевски во интервју за РСЕ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.