Само четворица се спасени, а останатите 40 патници на илегален брод се удавија пред брегот на Малезија.
Патниците на чамецот веројатно биле илегални работници по потекло од индонезискиот остров Батам, кои сакале да се вратат дома за крајот на муслиманскиот месец Рамазан.
Несреќата се случила околу 24 километри пред брегот, како што соопшти малезиската крајбрежна стража.
Вообичаено е илегалните доселеници да патуваат со несигурни чамци зада ги избегнат контролите.
Илјадници луѓе од соседните посиромашни држави како Индонезија и Мјанмар, поранешна Бурма, го ризикуваат животот одејќи да работат илегално во Малезија.