Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малолетници во протести со етнички предзнак

0
By Сашка Цветковска on March 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 8, 2013 16:41


“Зошто си тука? Зошто фрлаш камења по автобуската?  – Не знам. Ме викнаа другарите , сите дојдоа, и јас затоа дојдов”, одговара на нашето прашање едно од малолетните деца кои денес групно тргнаа од Јахја Пашината џамија кон Владата за да протестираат.

“Колку години имаш? – Осум. “, вели малото црнокосо момче во црн дуксер со качулка.
“Твоите родители знаат каде си?”, го прашувам. Наместо одговор следеше мала итра насмевка и детето премина на другата страна на булеварот кај поликлината Битпазар. За помалку од минута истото дете со дел од групата малолетници фрлаа камења кон големиот жолт билборд во функција на изборната кампања на партијата ВМРО ДПМНЕ.

Иако сликите од денешните протести ни оддалеку не наликуваа на оние од петокот и саботата, кога прво македонските, а потоа и албанските млади протестираа, , сепак, остана горчливо чувство од глетката на двесте деца, од 7 и 8 па до 16 години кои кршат и каменуваат.

За собирот пред џамијата кој требаше да резултира со протести пред владата, јавноста дозна од социјалните мрежи каде се упатуваа повиците. По пладневната молитва требаше да се тргне кон

Владата за, според пишувањата на мрежите, да се изрази незадоволство поради нападите врз Албанци кои се случуваа неделава низ Скопје. Некои од постарите присутни верници пред џамијата се обидоа да ги одвратат младите од намерите да протестираат, но безуспешно.

„Зошто да протестираме ние луѓето и младите да се тераат на ова, нека дојдат тие сите политичарите да разговараат со нас. Никој не треба никаде да оди“, рече еден од присутните верници.

Пред собраните новинари пред џамијата изјава даваше Шефкет Дереку, кој се претстави како загрижен верник, иако не стана јасно од неговата изјава дали тој е дел од повикот за протестите или не.

„Се собрале младите, сакаат да протестираат, тепаа деца Албанци цела недела. Но, нема да протестираме, ова не е добро. Ние не сакаме да одиме таму и не одиме веќе, нека дојдат тие политичарите тука да разговараат со нас во четири очи“,

Иако не успеаја да стигнат до Владата поради силното полициско обезбедување, малолетниците, на кои подоа им се придружи и помала група постари, направија штети. На потегот од Мавровска па се до мостот кај поликлинината Битпазар фрлаа со камења по полицијата, кршеа билборди, се каменуваа автобуските станици, а некои од камењата завршија и врз стаклата на околните дуќани, но и новинарите.
Групата на крајот се разотиде откако искрснаа расправии меѓу нив.

Малолетници беа дел од вандалските протести и во петокот и во саботата, и помеѓу Македонците и помеѓу Албанците, иако ова беа најмладите учесници досега. Хелсиншкиот комитет повика да не се злоупотребуваат децата на ваков брутален начин во политички агенди и разгорувања на етнички тензии. Кој навистина ги организираше сите протести во овие седум дена се уште е непознаница. Единствено ќе останат запаметени лицата на младите во крвнички пресметки со другите млади од различни етнички заедници.

За утре на социјалните мрежи е најавен повик за протест на младите Македонци пред владата.
Во видеото можете да ги погледнете интегрално изјавите на постарите верници кои се обидуваа да ги одвратат децата од намерата да излезат на улица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.