-Еден другар беше повреден. Покрај нас поминуваше Итната медицинска помош и ние се обидовме да ја запреме, но не одмина. Еден другар замавна кон возилото. Во тој момент возачот застана, излезе и посегна по металната шипка. Тогаш го нападнавме.
Вака ја започнал својата приказна еден од петмината малолетници кои се одговорни за нападот на возачот на Итната медицинска помош, кој беше претепан во населбата Кисела Вода, на новогодишната ноќ додека извршувал работна задача, пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на извори во истрагата.
Возачот пак изјави дека тој ја возел медицинската екипа за да помогне на лице кое било во кома. Во еден момент слушнал тресок од задниот дел на возилото и кога излегол да види што се случува бил нападнат и претепан од група момчиња кои според неговиот исказ биле облечени во црни јакни.
По инцидентот возачот успеал да стигне во болница, каде побарал помош и се онесвестил. Тој беше итно опериран на Клиниката за трауматологија.
Против петмината малолетници се поднесени кривични пријави, а изјава ќе дадат и пред обвинител.




