Published: Saturday, December 28, 2013 11:59
Од заскитан куршум синоќа била повредена малолетна скопјанка од Бутел, соопшти МВР.
Инцидентот се случил синоќа околу 18 часот кога куршумот влегол во прозор од куќа на улица „Петар Манџуков“.
Девојчето, чиј идентитет не се соопштува, не е потешко повредено. Таа се здобила со изгореници од куршумот кој допрел до нејзиното тело.




