Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малта сепак нема да забрани влез за невакцинирани, но воведува задолжителен карантин

0
By НОВА ТВ on July 14, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Малта се откажа од своите планови да ги затвори границите за невакцинираните луѓе. Наместо тоа, тие ќе бидат ставени во карантин, објави АФП.

„Луѓето кои ќе пристигнат на Малта без потврда за вакцинација ќе треба да бидат ставени во карантин“, соопшти владата, без притоа да се прецизира колку денови ќе трае карантинот за невакцинираните.

Патниците кои пристигнуваат во медитеранската островска држава од земји оценети како високоризични, мора да останат во изолација 14 дена, додава АФП. Во петокот, владата на Малта соопшти дека од денеска ќе ги затвори границите за луѓето кои не биле вакцинирани против Ковид-19, со цел да се запре неодамнешното зголемување на новите случаи. Планирано беше да се блокира и влезот на американските туристи, но сепак тие ќе можат да влезат под истите правила како и Европејците, односно да бидат во карантин, доколку не се вакцинирани. Ваквата одлука следува откако Брисел реагираше на намерите на владата на Малта, повикувајќи ја да ја преразгледа одлуката и да ги почитува заедничките ЕУ-правила за влез и излез од државите-членки.

Во Малта не беа пријавени нови случаи на коронавирус неколку дена во јуни. Сепак, нивниот број значително се зголеми минатата недела за да достигне 96 во петокот. Министерот за здравство Крис Ферн посочи дека зголемувањето на новите случаи главно се должи на странските туристи кои имале негативен тест за коронавирус, но не биле вакцинирани. Малта е земја во Европската унија што е најнапредна кампањата за вакцинација, каде 79 проценти од возрасната популација е целосно вакцинирана. Во земјата со население од околу половина милион луѓе, од почетокот на пандемијата се пријавени скоро 31.400 случаи со коронавирус. Починаа 420 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.