Македонската асоција на новинари – МАН, протeстира против настапите на СДСМ во јавноста, и велат се пласираат неосновани напади и квалификации против новинарите, со цел истото да се користи за нивните днвно политички потреби.
„СДСМ на прес конференција, ја нападна уредничката на „Вечер“, и новинарка на „Сител“, Ивона Талевска само од една причина, зошто нејзината мајка била партнер во странска форма која се занимава со медицинска опрема и ја пласира истата во Македонија според услови предвидени со закон, не наведувајќи ниту едно незаконско дејствие кое произлегува од тој процес. Притоа, дадени се низа квалификации од партиско – политичка перспектива за потреби на СДСМ – со кои се прави јасен обид да се влијае штетно на угледот на новинарот за кој станува збор“, се вели во реакцијата од МАН.
Според нив, СДСМ излегол со наредба до МРТВ да се објавуваат нивните прес – конференции, без оглед дали тие имаат, или немаат содржина која претставува јавен интерес.
„За само два дена, СДСМ изврши грубо кршење на новинарските права и слободи, мешање во уредувачка политика на медиуми, и напади врз новинари кои не се според нивен вкус.
Новинарството има долга историја и бројни искуства кога оваа партија, СДСМ, активно работела на уривање на слободното новинарство и дисквалификација на новинари кои не се дел од нивниот партиски сервис, па така и овие последни обиди се само дел од тоа искуство, непрекинато присутво веќе 20 години“, велат од МАН.
Од таму сметаат дека „никој нема право да ограничува членови на семeјство на новинарите со што ќе се занимаваат, особено кога е тоа согласно законот ниту пак има право да наредува дали и како некоја редакција ќе ги пренесува нивните прес- конференции, особено кога истите се одржуваат со свесна намера да се влијае и дисквалификува новинар“.
Во писмената реакција на МАН се вели дека „со последните настапи на СДСМ се обид да се дефокусира јавноста од фактот дека тие немаат аргументи да се борат против нивните партиски противници, па предизвикуваат внимание создавајќи конфликт со новинарите.
Патем, ако се заинтересирани за новинарството, ги упатуваме на последните делења дипломатски пари, овојпат преку холандската амбасада и нивната фондација „Сорос“, во која повторно се делат милион евра дипломатски и соросовски пари за новинари блиски до таа партија, до СДСМ, за проекти кои реално не ни постојат, а треба да бидат финансиски надоемст на новинари кои одработуваат за СДСМ“, пишува во реакцијата на МАН.




