По најновите обвинувања на ВМРО – ДПМНЕ за тендерскиот скандал со паркинизите во Куманово, Дамјан Манчевски ја објави одлуката на Државна комисија по жалби за јавни набавки при Владата, според која изборот за најповолен понудувач и тендерската постапка се целосно законски.
>>Димовски: Нови моменти од тендерскиот скандал со паркинзите во Куманово
Манчевски потсети дека вчера ги објавил сите, договори, биланси, нешто што ВМРО-ДПМНЕ тоа не го прави и побара одговори за следното:
1. Објавете колку вработени има во државната администрација
2. Ако тоа ви е тешко, ајде тогаш објавете го договорот за набавка на мазут помеѓу Клинички центар и ОКТА. Поминаа пет дена, сеуште го криете.
3. Објавете барем еден, само еден налог со кој сте извршиле уплата како ДПМНЕ кон некој од медиумите за црната кампања која ја водите против опозицијата.
Ниедно од претходните барања не би требало да претставува никаков проблем, ако се е чисто и согласно законот, рече Манчевски, потпретседателот на СДСМ.
На крај, тој упати порака до Илија Димовски- за се што не ви е јасно, да се соочиме на телевизиска дебата пред очите на целата јавност.



