СДСМ во пишана реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, го повика директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски на јавно соочување со потпретседателот Дамјан Манчевски.
– Илија Димовски повторно одржа безначаен монолог и ништо не кажа. Денеска разбравме дека сака да биде вклучен и во кадровската политика на СДСМ
– СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто не го објавува договорот меѓу Клиничкиот центар и ОКТА за набавка на мазут за 2014 година, колку вработени има во државната администрација и дали кампањата против СДСМ се финансира со пари од Буџетот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со два предлози за скандалот со паркизните во Куманово до Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и до кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц.
„Првиот предлог е да го раскинат договорот, и тоа да го раскинат од етички причини.
Доколку не го направат тоа, вториот предлог е да ја понесат политичката и морална одговорност и да си поднесат оставки од нивните функции. Манчевски од Потпретседател на СДСМ, а Дамјановски од Градоначалник на Куманово“, рече денеска Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Една недела ВМРО – ДПМНЕ презентираше документи за огромниот скандал со паркизните во Куманово- тендерот бил во вреднос од 22.892.000 денари или близу 400.000 евра.




