Според достапните податоци вредноста на основниот договор за изградбата на Музејот е 4,5 милиони евра. А оваа папка почитувани, се само известувањата од Бирото за јавни набавки за 113 договори, во вредност од фантастични 10.221.012 евра.
Само колку за споредба и илустрација колку расипнички е целиот проект Скопје 2014 говори фактот дека на пример вкупната вредност на Музејот на холокаустот, во непосредна близина на Музејот на ВМРО чинел вкупно 5 милиони евра.
Доколку Груевски само малку имаше обзири, наместо сегашниот прескап објект за Музејот на ВМРО, ќе изградеше исто така репрезентативен но поскромен објект. Разликата на народни пари, ќе можеше да се искористи на пример за ново средно училиште во населбата Аеродром,
нов мост помеѓу Карпош и Ѓорче Петров или изградба на канализација во населбата Градинар во Кисела Вода.
.jpg)
.jpg)
.jpg)



