Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МАНУ достави предлог до Владата за нејзиното ново име

0
By Нова ТВ on March 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2019 17:03

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предлага нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

Предлогот е усвоен на денешната консултативна седница на која биле разгледани предлозите на Владата: Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ и Национална академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

– По обемна и конструктивна дискусија се заклучи да се упати мислење до Владата на Република Северна Македонија според кое мнозинството членови на Академијата го претпочитуваат името Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ, соопштуваат од МАНУ.

Од Академијата објаснуваат дека таа не донесува одлука за преименување на Академијата, односно дека одлуката ќе ја донесе Владата на Република Северна Македонија, почитувајќи го утврдениот предлог на мнозинството членови на Академијата.

Според академиците, задржувањето на референцата на државата, односно на кратенката МАНУ, како составен дел на новото име, има суштинско значење, бидејќи од една страна е поврзано со нашите идентитетски прашања, а од друга страна со ова решение отпаѓа потребата од промена на веб-адресата на Академијата – manu.edu.mk.

Од Академијата посочуваат дека уште пред шест месеци кога се одржала научна расправа во МАНУ за Спогодбата од Преспа и кога станало јасно дека ќе мора да го промени името, раководството на Академијата инсистирало при донесувањето на одлуката да се води сметка за тоа дека Академијата е препознатлива по придавската референца „МАНУ“ и оти на веб страницата стои придавката manu, односно masa на англиски јазик.

Исто така, напоменуваат дека  Академијата е највисока институција од сферата на науките и уметностите, и дека нејзината основна дејност се остварува во автономните сфери на општеството во која државата, според Уставот, има ограничени компетенции и дека станува збор за институција со поширок меѓународен углед.

– Ваквата аргументација беше во целост прифатена од Владата на Република Северна Македонија, а наиде на разбирање и кај грчката страна, наведуваат од Академијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.