Published: Sunday, October 6, 2013 08:13
Делегации на МАНУ и на Бугарската академија на науки, БАН викендов во Сандански се обидуваат да договорат соработка за четириесетина проекти во разни области од историја и уметностите преку инфраструктурни анализи, се до преводи на книги од бугарски на македонски и обратно.
Академиците се согласни дека соработката мора да почне и дека има многу простор за соработка во интерес на двете држави – таму каде што има простор за заеднички став ќе биде постигнат, а таму каде што тоа не може, ќе се почитуваат разликите
Владо Камбовски, претседателот на МАНУ изјави дека е невообичаено што иако првичните договори за соработка се потпишани уште пред 14 години, МАНУ и БАН досега немале конкретни и суштински заеднички проекти.




