Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Албанската заедница е многу добро застапена во судството

0
By НОВА ТВ on July 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју на Еуроњус кажа дека Северна Македонија и Албанија се повеќе од подготвени за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Министерот кој интервјуто го даде за време на неговата дводневна посета на Тирана, додаде дека двете земји работат заедно да ја зајакнат соработка во подготвувањето на администрациите за процесот на преговори да тече побрзо.

– Се согласивме да ги ажурираме нашите билатерални договори, особено за екстрадицијата, и ги споделивме нашите искуства во врска со реформите во судството. Размислуваме како да се зајакне соработката помеѓу нашите Академии за судии и јавни обвинители и како да се зајакне регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, изјави Маричиќ.

Министерот во интервјуто кажа дека за разлика од Албанија каде што се спроведе ветинг во судството, кај нас според утврдена методологија Судскиот совет прави проверка на работата на судиите и досега 13 се разрешени, бидејќи самото судско тело донесе одлука дека тие постапувале нестручно или пак несовесно.

На прашање за застапеноста на Албанската заедница во судството Маричиќ кажа дека многу клучни позиции во правосудството се раководни од Албанци и дека клучно за нивниот избор била пред се стручноста и искуството.

– Можам да ви кажам дека има многу силни позиции во судскиот систем што им се доверени на припадниците на албанската заедница.  На пример, директорот на Здружението на судии е Албанец, претседателката на Врховниот суд кој е највисок суд во нашата земја е Албанска. Повеќе членови во Судскиот совет, Советот на обвинители исто така. Затоа мислам дека албанската заедница е многу добро застапена во судството и е добро застапена во правниот систем воопшто, заклучи Маричиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.