Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Колку побрзо ги коригираме укажувањата во Извештајот на ЕК, толку побрзо ќе се подготвиме за членството ЕУ

0
By Ана Василевска on December 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Она што сега треба да се фокусираме е спроведување на реформската агенда, брзо напредување во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ. Од тука и мојата заложба и барање секој еден да биде вклучен во преговорите, што се национална задача за сите нас. Јавно да се дискутира, заеднички да се делува, за сите предности и слабости забележани во Извештајот побрзо се надминат“, изјави во обраќањето вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната панел дискусија за Кластерите 2 и 3 „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“ во рамки на серијалот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности“.

Маричиќ истакна дека годишниот Извештај на Европската комисија за 2022 година, ќе биде основа за компарација како било пред, а како после почетокот на преговорите, додавајќи дека скринингот со ЕУ се одвива непречено според предвидената динамика, оценувајќи дека ќе донесе поголем поттик за реформи во земјата.

„Затоа, пред Извештајот застануваме транспарентно, инклузивно и одговорно кон сè она што е нотирано во него. Секоја забелешка и препорака да биде наша насока за планирање на следна реформска активност, доколку сакаме да успееме во овој државнички проект, кој се случува само еднаш и за кој имаме само една шанса. Досегашните воспоставени реформи и стандарди се одржливи и продолжуваат во сите области, а почетокот на преговарачкиот процес е нова можност, реформите продолжуваат уште позасилено“, нагласи Маричиќ.

Како што оцени тој, напредокот ќе зависи само од нас, оценувајќи дека „немаме повеќе блокади од никого, затоа нема простор за изговори и силна поддршка од европските институции, од државите членки, што треба да нè поттикне да го интензивираме спроведувањето на европската реформска агенда“.

Во однос на денешната дискусија за Кластер 2, „Внатрешен пазар“ и Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, рече дека поглавјата од овие кластери имаат директно влијание врз животот на граѓаните бидејќи опфаќаат значајни области и за работниците и за работодавачите, малите и големите претпријатија, индустријата, стопанството, економската и монетарната политика, оданочувањето, социјалната политика, но и науката и истражувањето и образованието и културата.

„Свесни сме и знаеме дека пред нас е сложен и долгорочен процес што бара континуитет и силна политичка волја за темелни реформи. Но, пред нас има јасно поставена цел, јасен план за реформирање кој мора да продолжи. Ова не е проект на Владата, ова е државен и тимски проект кој надминува и мандат на една влада и партиски интереси. Знаеме дека обврската што ја преземаме е тешка, но ја знаеме и која ни е целта: развој, просперитет, европска економија, европски пазари, европски животен стандард за граѓаните, до крајот на 2030. Амбициозна, но достижна цел“, заклучи Маричиќ во своето обраќање.

Бојан Маричиќ ЕУ Извештај на ЕК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.