Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска оствари средба со хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тиган.
На средбата се разговарало за евроинтеграциите на Западен Балкан и важноста Република Северна Македонија да стане дел од европското семејство час поскоро.
„Хрватска несомнено останува важен пријател и поддржувач на нашата европска агенда. Досегашната билатерална соработка ќе ја продлабочуваме во следниот период особено во делот на добивање техничка помош и пренесување на хрватското искуство од пристапните преговори со Унијата по специфични поглавја“, напиша Маричиќ на Фејсбук.