Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ од Брисел: Имаме капацитет и мотивација за достигнување на потребните стандарди

0
By Sashko on September 23, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 23, 2022 12:56

Имаме капацитет и мотивација соодветно да ги подготвиме нашата земја и нашите институции преку градење силен и добро интегриран административен капацитет на агенциите за спроведување на законот и другите релевантни тела, од кои се очекува да ги постигнат потребните стандарди, рече вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ на денешниот објаснувачки скрининг состанок во Брисел за Поглавјето 24 „Правда, слобода и безбедност“.

Маричиќ истакна дека македонскиот преговарачки тим од оваа област се надоврзува на претходното стекнато искуство и продолжува со новите законски регулативи од 2019 година до денеска, потенцирајќи дека ова е голема предност за нас која треба да ја искористиме и да ја валоризираме.

Според Маричиќ, како што информира Секретаријатот за европски прашања, Поглавјето 24 е „срцето на преговорите“, заедно со Поглавјето 23, пред и сега како дел од Кластерот „Темели“, според новата методологија, за кое изрази уверување дека визијата каде сме денес и каде треба да бидеме до 2030 година ќе се одрази во бараниот Патоказ за владеење на правото.

Во своето излагање вицепремиерот посочи што се Северна Македонија има направено во делот на борбата против тероризмот, напомнувајќи дека е донесен Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам – со цел усогласување со 5 Директива за АМЛ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам (2018 г./843) и ревидираните препораки на Работната група за финансиска акција.

„Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан меѓу Европската комисија и органите на Република Северна Македонија, како рамка за заедничко дејствување во борбата против тероризмот, континуирано се спроведува“, додаде вицепремиерот.

Маричиќ истакна и дека Владата ја усвои Националната процена на ризикот во март 2020 година во однос на перење пари и финансирање тероризам и го спомена усвоениот Национален план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратниците борци и членови на нивните семејства со учество на повеќе државни институции и општествени чинители со цел да се имплементираат утврдените приоритети во спречувањето на насилен екстремизам и радикализација.

Денеска завршува вториот ден од презентациите на Европската комисија за законодавството и стандардите на ЕУ во областа на правдата, слободата и безбедноста за македонскиот и албанскиот преговарачки тим во оваа област. Од понеделник започнуваат објаснувачките скрининг состаноци за Поглавје 23 – „Правосудство и темелни права“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.