Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ од Брисел: Со пристапните преговори го отвораме внатрешниот пазар на ЕУ за македонските компании

0
By Marta Pesevska on January 25, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го отвори денешниот билатерален скрининг за Поглавје 7, „Право на интелектуална сопственост“, на кој истакна дека создавањето поволна средина за водење бизнис на внатрешниот пазар е главна цел на регулативите на ЕУ кои ги спроведуваме во областа на правата на интелектуална сопственост.

Преговорите со ЕУ носат подобра заштита на потрошувачите, брендирање и подобро позиционирање на македонските компании на внатрешниот пазар на ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека тоа е важно за нашите мали и средни претпријатија, но и воопшто за луѓето кои се занимаваат со уметност и иновативност.

Маричиќ пред претставниците на Европската комисија изрази надеж дека до крајот на оваа година ќе ја одржиме втората Меѓувладина конференција и ќе го отвориме Кластерот „Фундаментални вредности“, со цел да напредуваме во процесот.
Денес, имаме уште едно важно поглавје – Поглавје 7, „Право на интелектуална сопственост, област каде што постојано бевме поддржани од ЕУ во спроведувањето на реформите низ годините. Во однос на административната структура, Државниот завод за индустриска сопственост и Министерството за култура се главните административни столбови, додека клучни документи во областа се Законот за индустриска сопственост, Законот за авторско право и сродни права и Законот за царина и мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, истакна Маричиќ.

Тој ја потенцираше важноста од понатамошно усогласување на нашето законодавство во областа на интелектуална сопственост и укажа дека Владата посветено работи на развој на Стратегијата за интелектуална сопственост во рамки на Националната стратегија за развој 2022-2042 година.

Што се однесува до потребата од целосно усогласување со Директивите на ЕУ вицепремиерот за европски прашања Маричиќ ги посочи сите Директиви кои досега сме ги усвоиле и ги најави сите тековни активности и предлог закони, како новиот Закон за деловни тајни кој се очекува да биде усвоен до јуни оваа година. Маричиќ ја информираше Европската комисија дека Мрежата за електронска размена на податоци е во завршна фаза и на тестирање.

Развојот на оваа е-мрежа ќе овозможи размена на податоци за интелектуална сопственост помеѓу институциите во Северна Македонија и ИРП – електронскиот систем за трговски марки, патенти и индустриски дизајни. Се очекува е-мрежата да биде оперативна до 2026 година, истакна Маричиќ.

Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили која исто така е присутна на билатералниот скрининг посочи дека во изминитатиот период Северна Македонија работела на транспозиција на релевантното европско аки во нашето законодавство, како и на јакнење на административните и оперативните капацитети, во областа на правата од индустриска сопственост, но дека потребни се соодветни механизми, особено ефикасен капацитет за спроведување на политиките за право на интелектуална сопственост на национално ниво.

Во Брисел денеска започна билатерален скрининг состанок за Поглавје 7 на кој македонскиот преговарачки тим го претставува постигнатото и сè што е направено поврзано со правата на интелектуална сопственост, со што треба да овозможи подобра циркулација на стоки и услуги, како и забрзување на технолошкиот развој. Истиот ќе продолжи и утре, а до крајот на работната недела ќе се одржи и билатералниот состанок за Поглавјето 6, „Право за трговски друштва“.

На денешниот билатерален скрининг се презентираше на темите поврзани со законодавството за права на интелектуална сопственост, правилата за правна заштита на авторските и сродните права, како и посебните одредби кои се применуваат за заштита на бази на податоци, компјутерски програми итн.

Членовите на македонската делегација на денешниот билатерален состанок се претставници на Државниот завод за индустриска сопственост, Министерството за култура, Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, Државниот пазарен инспекторат и Државната комисија за спречување на корупцијата, институции кои се релевантни за Поглавјето 7, „Право на интелектуална сопственост“.

Брисел маричиќ Поглавје 7
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.