Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Потребна е јасна визија на ЕУ кон Западен Балкан

0
By Ана Василевска on June 15, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Мариќиќ на Преспа дијалог форум
Бојан Мариќиќ на Преспа дијалог форум
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребна е јасна визија на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан. Нема време процесот на проширување да се одолговлекува, со оглед на новите геополитички околности во Европа, како што е руската инвазија врз Украина, беше истакнато на денешната сесија „Проширувањето на ЕУ во променливата геополитичка динамика“, во рамки на Преспа форумот.

„Руската инвазија врз Украина го одложи процесот на проширување кон ЕУ. Ние треба да функцонираме на начин што ќе ги најдеме вистинските луѓе, ќе ги процениме вистинските потреби за создавање стратешки позиции и да гледаме како ЕУ ќе му помогне на Западен Балкан да ги појасни процесите кои ќе не приближат кон ЕУ, и ова ни треба сега не ни треба понатаму,“ порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој рече дека Северна Македонија е најевропски ориентирана, но евроентузијазмот кај граѓаните од 80 проценти падна на 65 проценти и ова не натера да размислиме што е она што ние го правиме за да се смени оваа бројка.

– Тоа значи дека ние треба да направиме реформирана агенда која ќе ги привлече сите политички партии кон еден дијалог и да се обединат околу ова прашање, затоа што ова е од надпартиски интерес. Затоа работиме и на пронаоѓање структура која ќе функционира и во рамки на Парламентот да го решиме ова прашање и да создадеме структура која ќе го помогне да го направи сето ова и да најдеме група експерти кои ќе ни помогнат како да го разрешиме како ова ќе биде изготвено со крајна одговорност и кредибилитет од сите политички партии, за да ги потпишеме сите патокази, сите акциски планови кон решавање на прашањето а не да се фокусираме на дневно-политички настани што во моментов е случај, рече Маричиќ.

Во врска со уставните измени вицепремиерот рече дека секој момент е погоден да се донесе решение за нив и да се дискутира за ова прашање во Парламентот ,

„Ова прашање не смее да се прологира бидејќи изгубивме 20 години за да го решиме прашањето со Грција. Ние немаме ттолку време да губиме за следното. И овие прашања нема да се решат ако ги одлагаме туку ќе стануваат се поголеми и поголеми“, рече Маричиќ.

Ирскиот министер за европски прашања Питер Бурк рече дека со обединување во ЕУ државите не го разводнуваат својот суверенитет, туку ги зголемуваат своите можности.

„Отвореноста кон ЕУ и патот низ кој мина ирскиот народ е пат што би сакале и другите да го одат денес и заедно, и ние сме решени да ви помогнеме“, нагласи Бурк.

Српската министерка за евроинтеграции Тања Мишчевиќ рече дека тунелот кон Унијата е многу долг и за жал не се гледа крајот на тунелот.

„Кога се обидуваме да им објасниме на земјите-членки на ЕУ дека проширувањето ќе го подобри прашањето на заморот од реформи во регионот кој постои кај секоја земја кандидат во регионот, бидејќи тоа е многу итно, меѓутоа никој тогаш не не слушаше и сега го користиме оној моментум кој некој друг го создаде по 20 години, па дури и 23 години од процесот на интеграција на целиот Западен Балкан. Тоа е чудна ситуација“, рече таа.

„Јасно е, додаде таа, дека вината е и кај нас. Ние сме изземени како општество и како институции и истовремено и кај нас имаше многу внатрешни битки и проблеми, но не треба да заборавиме дека владеењето на правото е примарен предуслов за секој еден однос и тоа е навистина тешко длабоко да се воспостави и вкорени како силна институција“, рече Мишчевиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.