Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Потребно е судските реформи да работат во корист на граѓаните

0
By НОВА ТВ Terziova on June 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Внимателност и упорност во процесот на реформите во правосудството се клучни за граѓаните. Ова е пораката што вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја испрати во видеообраќање на европскиот Самит за дигитализација, на тема „Придобивките од четвртата индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во судството“.

Во своето обраќање, Маричиќ истакна дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност и мора да биде приоритет во реформите во правосудството.

– Со првите опремени судници и овозможувањето на судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално. Дополнително ставањето во функција на дигиталните услуги за добивање потврди од казнената и прекршочна евиденција, направен е чекор напред во забрзување на овој комплексен процес, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност на правосудниот систем, како и заштеда на време и пари, рече Маричиќ.

Нагласи дека Владата покажала искрена и силна заложба и посветеност во европеизацијата на земјата и изрази очекување за продолжување на соработката и поддршка од сите чинители на правосудниот систем, јавните институции, од меѓународните партнери и невладиниот сектор во спроведувањето на реформската агенда, со крајната цел враќање на довербата на граѓаните во судството и побрзо исполнување на стандардите и критериумите на најважниот и најкомплексниот Кластер во преговорите со Унијата, Кластерот Темели.

Во своето обраќање, вицепремиерот Маричиќ заклучи дека е потребно судските реформи да работат во корист на граѓаните, како и да се продолжи со цврсти чекори кон постигнување на целосно или барем приближување на идеалот за владеење на правото, како што постои во повеќето земји од ЕУ.

Македонија маричиќ судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.