Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Доколку уставните измени не се случат сега, наредната можност за ЕУ ќе биде по повисока цена

0
By Соња Крамарска on June 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешното интервју на вицепремиерот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наша должност е во најбрз рок да ја почнеме парламентарната дискусија за уставните измени. Крајот на јули е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември, изјави вицепремиерот за ервопски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

„Минатите уставни измени сме ги направиле за три месеци и сметам и дека и сега можеме така да направиме. Ќе се создат услови за двотретинско гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември. Постои оптимизам дека европската перспектива може да стане реалност со заедничка одговорност на сите парламентарни партии, затоа што членството во ЕУ е одговорност на сите. Нема да се откажеме од дијалогот, дијалогот е најдобро средство и ќе се обратиме до секој пратеник, до секоја политичка партија затоа што сметаме дека сите имаат одговорност. Ако цела европска и светска јавност ни вели дека сега е вистинскиот момент и ние знаеме што се нашите обврски, вистинското место, вистинското време за отворање на дијалогот е сега, по 17 години во чекалната на ЕУ, државата и граѓаните немаат време за губење“, истакна Маричиќ.

Тој предупреди дека доколку уставните измени не се случат сега, наредната можност за ЕУ ќе биде по повисока цена.

„Доколку не се случат уставните измени сега, наредната можност ќе биде кој знае кога и таа ќе биде по многу повисока цена дека темите на кои што ќе се разговара за уставни измени ќе бидат многу пошироки од овие што се сега, кои се само техничко продолжување на низата на заедници во Преамбулата и нивно додавање на другите места во Уставот каде што се споменуваат заедниците“, рече вицепремиерот во „Студио 10“ на ТВ24.

Маричиќ додаде дека очекува ВМРО-ДПМНЕ своите позиции да ги стави во разумни и реални рамки, бидејќи со поставување на невозможни услови не можеме да дојдеме до решение.

„Ако нив им се битни избори, а на мнозинството пратеници им е важно да се случат уставните измени, ајде да ги направиме уставните измени и веднаш да влеземе во изборна кампања. Да го распуштиме Собранието и да одиме на избори“, порача тој и додаде дека предлогот прво избори, а потоа да се разговара за уставните измени ќе ја донесе земјата во ситуација како во 2008 година кога наместо да се реши спорот со Грција за да влеземе во НАТО, се одржаа избори и потоа 10 години не се решаваше тој проблем.

С.К.

Бојан Маричиќ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.