Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Владата и граѓаните имаат иста цел – државата напред во ЕУ со заштитен македонски идентитет

0
By Соња Крамарска on September 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот Маричиќ во гостувањето на „Топ Тема“ изјави дека Владата има јасна цел и дека се водат од државните итереси, државничките мотиви и желбата да се однесе државата напред, потенцирајќи дека едниот интерес е да се зачува нашиот идентитет и јазик, а вториот, Северна Македонија, да стане членка на Европската Унија.
„Никој не може да ни го оспори идентитет и да ни го земе, без наша волја и желба, а кај нас нема никаква волја за бришење на нашиот идентитет, напротив ние инсистиравме македонскиот јазик да се најде во преговарачката рамка, и се најде. Ние инсистираме Фронтекс договорот да биде потпишан на македонски јазик без додавки и така ќе биде“, изјави Маричиќ.
Вицепремиерот Маричиќ смета дека ВМРО-ДПМНЕ го прави сето ова за да ја покрие и својата безидејност и својот став, потенцирајќи дека граѓаните многу пати се изјасниле дека се за членство во ЕУ, од 91-ва па наваму тоа е континуитет, како и сите политички партии.
„Меѓутоа едно е да сте како ВМРО-ДПМНЕ ‘за’ ЕУ и НАТО само на хартија, а друго е кога ќе дојдат овие тешки одлуки исто како за Преспанскиот договор да учествувате во носењето на тешките одлуки. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ се крие зад идејата за референдум само за да не преземе одговорност“, рече вицепремиерот Маричиќ.
Маричиќ во „Топ тема“ потенцираше дека никој не оди против волјата на граѓаните и дека нивната волја е да станеме членка на ЕУ како Македонци кои говорат македонски јазик и дека Владата таа агенда ја исполни, додавајќи дека не сакаат да се дел од несигурната и нестабилна агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои инсистираа на референдум за Преспанскиот договор, а не учествуваа.

„Топ Тема“ Бојан Маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.