Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ во Данска: Копенхашките критериуми најдобар начин за реформирање, нека останат единствен услов за напредок кон ЕУ

0
By Соња Крамарска on June 28, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната конференција во Данска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на покана на министерот за надворешни работи на Кралството Данска и поранешен министер, Ларс Локе Расмусен, денеска учествуваше на конференцијата по повод 30-годишнината од Копенхашки критериуми, на панелот посветен на земјите кандидатки за членство во ЕУ, нивните предизвици за напредување на евроинтегративниот пат.

Маричиќ во своето излагање рече дека Копенхашките критериуми се реално најдоброто средство за одбрана од популизмот на Западен Балкан и најдобар начин за трансформација на нашите општества.

„Копенхашките критериуми се главниот водич кој го имаме во преговорите за пристапување во ЕУ и за трансформацијата на нашите општества. Сметам дека токму Копенхашките критериуми ѝ помогнаа на мојата земја во тешкиот период на политички кризи, од 2014 до 2017 година, бидејќи токму тие критериуми беа вградени во нашиот систем и во нашиот Устав многу повеќе и посуштински од претходно“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека во овој момент треба да се даде значење и да нè интересираат критериумите кои не се дел од оригиналната верзија на Копенхашките критериуми, а тука Маричиќ ги спомена капацитетот за апсорпција и важноста на геополитиката, потенцирајќи дека Западен Балкан не е дел од ЕУ сè уште бидејќи е опкружен од ЕУ земји и поради тоа што не излегува на Црното море и не се граничи со Русија.

„Капацитетите за апсорпција, геостратешката важност и отворените прашања со соседните земји се чини дека се поважни од Копенхашките критериуми. Ова е нешто за кое мораме да бидеме искрени и отворени за следното проширување“, порача Маричиќ пред високите поранешни и актуелни дански политичари.

На панелот на тема: „Улогата на Копенхашките критериуми во реформските процеси на Западен Балкан“, на кој говорници беа и Тања Мишчевиќ, заменик министерката на Албанија, Меги Фино и Михаела Матуела, директорката на генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија, панелистите се осврнаа на улогата на Копенхашките критериуми во водењето на ЕУ интеграциски процес од перспектива на земјите од Западен Балкан, со фокус на предизвиците во текот на процес на реализација на реформите, неопходни за исполнување на критериумите од Копенхаген, можностите за напредување и различните сценарија за тоа како најдобро и најбрзо да се стигне до членство во ЕУ.

Бојан Маричиќ Данска ЕУ и Копенхашки критериуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.